Студиска програма: 8-Компјутерски мрежи – Интернет на нешта (8-КМ-ИНН) Траење: 1 година Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство. Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерски мрежи – интернет на нешта Интернет на нештата е една од доминантните мрежни технологии што во последната декада доживува енормен пораст. Според анализите на пазарот и предвидувањата на Boston Consulting Group, прикажани во Форбс, потрошувачката на технолигии, апликации и решенија за Интернет на нештата на глобално ниво, ќе порасне до 250 милијарди евра до 2020-тата година. Ова е несомнен и очигледен показател за подемот и исклучителната важност на овие технологии. Наставните содржини од студиската програма Компјутерски мрежи-Интернет на нешта (КМ-ИНН) се препознатливи и се застапени на повеќе универзитети во Европа и светот: Потребата од образовани кадри од подрачјето на Компјутерски мрежи со специјализација во областа за Интернет на нешта е забележлива во академската и стручната јавност на универзитетите во светот, но е особено изразена во индустријата. Наставната содржина на вториот циклус студии од Компјутерски мрежи – ИНН ќе им овозможи на студентите стекнување на: вештини за анализа, проектирање и имплементација на интелигентни компјутерски мрежи и системи кои ги вклучуваат најновите технологии од повеќе области – компјутерски мрежи, сензори и сензорски системи, информациони системи, бази на податоци и големи податочни множества, обработка и анализа на податоци, пресметувања со високи перформанси, пресметувања во grid и облак, напредни мобилни апликации, веб сервиси, безбедносни аспекти, како и оспособеност за работа во интер-дисциплинарни тимови врвни на светско ниво. Магистрите по Компјутерски мрежи – Интернет на нешта ќе бидат оспособени за работа во сите сфери на едно модерно автоматизирано и информатичко општество, а пред се во паметните инфраструктури, здравството, транспортот, потрошувачката електроника, мобилни уреди и системи, потоа информатичките и телекомуникациските компании, компаниите кои произведуваат и сервисираат системи за мониторинг, компаниите кои се бават со автоматизирано производство на материјални добра, транспорт и сл. Овој модул создава кадар, кој сите овие сектори го препознаваат како фундаментално важен за нивниот успешен развој. По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:
Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра
Предмет
Кредити
Фонд
Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ08
Истражувачки проект од областа на компјутерските мрежи – интернет на нешта
6
0+6
180
4ФЕИТ00
Магистерска работа
24
720
Вкупно
30
900
Компјутерски мрежи – Интернет на нешта (8-КМ-ИНН) – 2023
КомпетенцииIII