Комуникациски и информациски технологии (12-КИТ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 12-Комуникациски и информациски технологии (12-КИТ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа комуникациски и информациски технологии

Развојот на комуникациските и информациските технологии е фундамент во современиот свет и цивилизацијата воопшто, а во нашата земја Р. С. Македонија тоа е вклучено како една од главните точки во стратегијата за развој на земјата. Сите фирми, компании, институции имаат потреба од комуникациските и информациските технологии во своето секојдневно работење, независно од нивната главна цел. Уште повеќе, во Р.С. Македонија постојат неколку стотини нотифицирани оператори и даватели на услуги во областа на комуникациите и комуникациско-информациските технологии, кои имаат потреба од кадар што ќе произлезе од оваа студиска програма.

Секторот на информациско-комуникациските технологии е во постојан пораст. Побарувачката за магистри профилирани во областа на комуникациските и информациските технологии на пазарот на трудот во Република Македонија е голема, а со тоа и оправданоста за воведување на ваква студиска програма. Целта на студиската програма е да произведе кадар кој ќе биде носител на развојот на ИКТ секторот и севкупната економија  во Република Македонија.

Кандидатите кои ќе ја завршат студиската програма Интернет и мобилни сервиси и апликации конкурентно ќе настапат на пазарот на трудот со можност за вработување на респектабилни и врвни позиции во:

  • компании од ИКТ секторот
  • провајдери на комуникациски сервиси,
  • компании за развој на генерички и специјализиран софтвер
  • државни институции
  • регулаторни, надзорни и советодавни тела од областа на електронски комуникации и услуги
  • домашни и странски консултантски компании
  • сопствен бизнис
  • outsourcing и freelance пристап
  • факултети, универзитети
  • научно-истражувачки центри

Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ10002 Бизнис менаџмент во телекомуникациите 6 3+3 180
4ФЕИТ10016 Напредни интернет технологии 6 3+3 180
4ФЕИТ10022 Следна генерација оптички мрежи 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време(часови)
4ФЕИТ10001 Безжични мултимедиски мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10003 Дигитални сервиси и апликации 6 3+3 180
4ФЕИТ10004 Дизајн на телекомуникациски мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10005 Енергетски ефикасни безжични системи 6 3+3 180
4ФЕИТ10007 ИКТ решениja за паметно општество 6 3+3 180
4ФЕИТ10006 ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2 6 3+3 180
4ФЕИТ10008 Интелигентни безжични инфраструктури: технологии и апликации 6 3+3 180
4ФЕИТ10009 Интелигентни комуникациски технологии 6 3+3 180
4ФЕИТ10010 Квантни комуникации и квантни пресметки 6 3+3 180
4ФЕИТ11003 Конвексна оптимизација со примена 6 3+3 180
4ФЕИТ10011 Менаџмент на мултимедиски мрежи и сервиси 6 3+3 180
4ФЕИТ10012 Мерења во Интернет 6 3+3 180
4ФЕИТ10013 Мобилни мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10014 Модерни безжични системи 6 3+3 180
4ФЕИТ10015 Напредни апликации за мобилни уреди 6 3+3 180
4ФЕИТ11005 Напредни веб технологии и сервиси 6 3+3 180
4ФЕИТ10017 Напредни техники за обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10018 Оптички комуникации 6 3+3 180
4ФЕИТ10020 Проектирање на паметни уреди за Интернет на нешта 6 3+3 180
4ФЕИТ10021 Реконфигурабилни мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ11006 Системи за дигитални трансакции 6 3+3 180
4ФЕИТ10023 Софтверски дефинирани мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10024 Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар 6 3+3 180
4ФЕИТ10025 Статистичко процесирање на сигналите и статистичко учење 6 3+3 180
4ФЕИТ10026 Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации 6 3+3 180
4ФЕИТ10027 Телекомуникациски протоколен инженеринг 6 3+3 180
4ФЕИТ10028 Телесообраќаен инженеринг и мрежно планирање 6 3+3 180
4ФЕИТ10029 Теорија на информации 6 3+3 180
4ФЕИТ10030 Теорија на кодирање, сигурносни комуникации и blockchain технологии 6 3+3 180
4ФЕИТ10031 Техники на истражување во телекомуникациите 6 3+3 180

Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ12 Истражувачки проект од областа на комуникациските и информациските технологии 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
  Вкупно 30 900