Во периодот од 22 април до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2024. Главен организатор беше токму ФЕИТ и студентскиот огранок на ИЕЕЕ.
На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од 26 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории. Во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство, медалите ги освоија:
Златен медал:
– Иван Јованоски – СОУ гимназија Мирче Ацев, Прилеп;
– Даниел Угарчев – СОУ Јосиф Јосифовски, Гевгелија;
– Давид Дамевски – СЕТУС „Михајло Пупин“, Скопје;
Сребрен медал:
– Петар Стевковски – СУГС „Георги Димитров“, Скопје;
– Тимон Поповски – СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, Скопје;
– Филип Поповски – СЕТУС Михајло Пупин, Скопје;
Бронзен медал:
– Мартин Тошев – СОУ Коле Нехтенин, Штип;
– Михаил Петковски – СОУ гимназија Кочо Рацин, Велес;
– Марио Анѓеловиќ – ОСТУ Наце Буѓони, Куманово.
Во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА, организирана од Институтот за електроника, медалите ги освоија:
Златен медал:
– Виктор Ванчов – СУГС Георги Димитров, Скопје;
– Матеј Стојчески – СЕТУС Михајло Пупин, Скопје;
– Стефанија Јовческа – ПСУ Алгоритам Центар, Скопје;
Сребрен медал:
– Алтин Јахиу – СУГС Владо Тасевски, Скопје;
– Димитриј Митковски – СУГС Георги Димитров, Скопје;
– Јаков Спировски – СУГС Георги Димитров, Скопје;
Бронзен медал:
– Габриела Лазаревска – СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, Битола;
– Михаил Кузманоски – Средно општинско стручно училиште Илинден, Скопје;
– Стефан Цингаровски – СУГС Гим. Јосип Броз Тито, Скопје.
Освен натпреварувачките активности, се одржаа и неколку предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, и тоа:
– „Мобилна електроника“ од проф. д-р Катерина Ралева и вон. проф. д-р Томислав Карталов;
– „Роботиката и вештачката интелигенција“ од доц. д-р Горјан Наџински;
– „Реализација на миоелектрична роботска протеза за рака“ од м-р Благој Христов.
Настанот помина во одлична атмосфера на дружење и натпреварување. Учесниците си заминаа побогати со нови знаења, интереси и пријателства, а ФЕИТ и ИЕЕЕ се обврзаа да ја продолжат оваа убава традиција, редовно и збогатено во иднина.