Анкета за Европска студентска картичка

Последна измена: октомври 20, 2025

Европската комисија организира Анкета за Европската студентска картичка (European Student Card Survey 2025), која е отворена до 27 октомври 2025 година.

Се замолуваат студените и вработените во рамките на Универзитетите во сите 33 земји поврзани со програмата Erasmus+ да одвојат малку време и да ја пополнат анкетата.

За нејзино пополнување не е потребно претходно искуство со Европската студентска картичка, а времето за пополнување е приближно 10 минути.

Линк до анкетата: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/ESC_Survey_2025

Анкетата претставува важен инструмент за собирање информации за корисноста, познавањето и предизвиците при користење на Европската студентска картичка, а резултатите ќе помогнат во нејзино понатамошно унапредување на европско ниво.