Се известуваат сите студенти од прв и од втор циклус на студии дека се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во зимскиот семестар 2025/2026 година заради следење на процесот на самоевалуација на ФЕИT. Електронската анкета ќе биде достапна најдоцна до 29.12.2025 година. Како доказ за пополнета анкета се приложува принт скрин од последната страна од анкетата. Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на летниот семестар 2025/2026 година.
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ

