Можност за стипендии за втор циклус студии во Полска

Објавено: април 24, 2026

Можност за стипендии од програмата „Stefan Banach“ 2026, понудена од Полската национална агенција за академска размена (NAWA).

Конкурсот за изданието 2026 е објавен на 13 април 2026 година. Кандидатите треба да ги поднесат своите апликации на полски или англиски јазик исклучиво преку NAWA ИТ системот: https://programs.nawa.gov.pl/login најдоцна до 15:00 часот (CET) на 8 мај 2026 година.

Процесот на аплицирање може да се затвори порано доколку се достигне лимитот на апликации за одредени групи на земји.

Програмната за стипеднирање е отворена за државјани на избрани земји, вклучувајќи ги Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Целосната листа на земји и детални информации за програмата се достапни на:

https://nawa.gov.pl/en/students/foreign-students/the-banach-scholarship-programme

Програмата нуди стипендии за редовни студии од втор циклус (магистерски студии) кои се изведуваат на полски или англиски јазик на универзитети под надлежност на Министерството за наука и високо образование на Полска (MNiSW), кои имаат потпишано рамковен договор со NAWA. Студентите самостојно го избираат студиското подрачје и аплицираат директно на избраните универзитети, бидејќи NAWA не посредува во процесот на запишување.

Студиите на полски јазик може да бидат претходени од едногодишен подготвителен курс, кој исто така е покриен со стипендијата.

За студиите на англиски јазик се обезбедува дополнителен курс по полски јазик и култура.

Апликантите треба да поседуваат документ што потврдува учество во процесот на запишување (како што е потврда за апликација, писмо за прифаќање или одлука за прием), освен во случај на аплицирање за патека што вклучува подготвителен курс. Потребно е минимум ниво Б2 познавање на јазикот на кој ќе се изведуваат студиите (или Б1 во случај на подготвителен курс).

За дополнителни информации, кандидатите можат директно да ја контактираат NAWA на: banach@nawa.gov.pl