ОГЛАС за доделување две стипендии на студенти од втор циклус студии

Објавено: септември 1, 2020

Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД – Скопје, на 25.08.2020 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје распишува

ОГЛАС
за доделување две стипендии на студенти од втор циклус студии

ОКТА АД – Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) доделува две стипендии на студентите кои во учебната 2020/2021 година првпат се запишуваат на втор циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, на една од следните студиски програми:
• Обновливи извори на енергија;
• Електроенергетски системи;
• Електроенергетика;
• Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој;
• Електрични машини и автоматизација.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
1. Да има завршено прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје во траење од 8 семестри, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
2. Да поседува сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;
3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
4. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
5. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1. Пријава (формулар достапен на интернет страната на Факултетот);
2. Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
3. Уверение – потврда за активно познавање англиски јазик;
4. CV на македонски јазик.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во учебната 2020/2021 година во висина од 1.500 евра.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 15.10.2020 година. Документите може да се достават во архивата на факултетот или по пошта на адреса: Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, ул. Руѓер Бошковиќ бр.18, Скопје. Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници на факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.

Контакт лице за дополнителни информации:
Мирко Трајановски 02 2532 565 / 078 203 378 / mtrajanovski@helpe.gr