Подготвителната настава по програмирање Code@FEIT 2020 ќе се одржи во периодот од 28.9.2020 до 02.10.2020 год. Предавањата студентите ќе ги следат сите заедно, додека за практичниот дел (аудиториски и лабораториски вежби) студентите се поделени во четири групи (на крајот од поракава е распоредот на кандидатите по групи). Наставата ќе се одвива секој ден од понеделник до петок по следниов распоред.
* Во Четврток и Петок термините ќе бидат поместени согласно со вашиот ангажман за присуство на настанот за ориентација на новозапишаните студенти на ФЕИТ.
Понеделник 28.09.2020 | Вторник 29.09.2020 | Среда 30.09.2020 | Четврток* 01.10.2020 | Петок* 01.10.2020 | |
Предавања | од 10 до 14 ч. | од 10 до 12 ч. | од 10 до 12 ч. | од 10 до 12 ч.?? | од 10 до 12 ч.?? |
Практична настава
(по групи) |
нема | од 12 до 14 ч. | од 12 до 14 ч | од 12 до 14 ч?? | од 12 до 14 ч?? |
На часовите се вклучувате преку платформата:
https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk
со која веќе се запознавте за часовите по Математика и Физика.
При најавувањето, во полето корисничко име, внесете ја e-mail адресата која ја користевте при електронскиото најавување во системот iКnow. Иницијалната лозинка е вашиот матичен број. Потоа влезете во курсот Code@FEIT 2020.
Во курсот ќе ги имате сите потребни материјали и линкови, како за видео состановците, така и за платфоримте кои ќе ги користиме за практичниот дел и решавање на задачи.
За повеќе прашања околу организацијата на самата настава, слободно пишувајте на форумот, или директни пораки до наставниците.
Часовите ќе се одвиваат преку Zoom видео конференциска врска. На следниов линк може да најдете упатство за инсталирање на оваа апликација и стартување видео конференција:
Во случај на технички проблеми поврзани со стартување на конференцијата, обратете се на следниов e-mail: e-admin@feit.ukim.edu.mk