Соопштение за бруцоши

Последна измена: октомври 5, 2020

Почитувани бруцоши,

Наставата во зимскиот семестар од учебната 2020/2021 ќе започне на 5.10.2020 година.

На 5.10. и 6.10. наставата ќе се одвива со физичко присуство, во предавалната 223 и амфитеатарот на факултетот (АМФ), според распоредот на часови даден во следнава табела:

Распоред на часовите за 5.10 2020 и 6.10.2020 година

А паралелка Б паралелка В паралелка Г паралелка
Понеделник

5.10.2020

9:00 – 10:45 Математика 1

223

Програмирање и алгоритми

АМФ

11:00 – 12:45 Програмирање и алгоритми

223

Физика 1

АМФ

14:00 – 15:45 Физика 1

АМФ

Математика 1

223

16:00 – 17:45 Програмирање и алгоритми

АМФ

Програмирање и алгоритми

223

Вторник

6.10.2020

9:00 – 10:45 Математика 1

223

Физика 1

АМФ

11:00 – 12:45 Основи на електротехника

(online)

Основи на електротехника

АМФ

14:00 – 15:45 Физика 1

АМФ

Математика 1

223

16:00 – 17:45 Основи на електротехника

АМФ

Основи на електротехникa

(online)

Забелешка. Часовите од предметот Основи на електротехника за Б и В паралелка на 6.10.2020 ќе се одржат online, а информација за терминот кога ќе се реализираат овие часови ќе добиете од предметниот професор.

Во табелите со распределба на студентите по паралелки, во последната колона е внесен редниот број на местото на кое сте распоредени за овие часови, во соодветната просторија.

Предавањата и аудиториски вежби, почнувајќи од 7.10.2020 година, ќе се одвиваат online преку платформата Zoom, според распоредот на часови што ќе биде објавен на веб страницата на факултетот.

Дел од лабораториските вежби од предметот Физика ќе се реализираат со физичко присуство во факултетските лаборатории. Дополнителни информации поврзани со овие часови ќе добиете од предметните професори.

Распределба по паралелки

ПАРАЛЕЛКА А

ПАРАЛЕЛКА Б

ПАРАЛЕЛКА В

ПАРАЛЕЛКА Г