Конкурс за стипендии – ЛОСТ

Објавено: март 10, 2020

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за студенти од Енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии, Техничкиот Факултет – Битола и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип кои во рамките на семејството имаат месечни приходи помали од просечна плата во Република С.Македонија.

Оваа година ќе бидат доделени 5 (пет) стипендии на студенти запишани по првпат, во прва година во учебната 2019/2020 година на Енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии, Техничкиот Факултет – Битола и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

Да има положено најмалку 70% од испитите од претходните години за одобрување или продолжување на стипендијата

Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач.

Потребни  документи за  аплицирање:

Биографија

Потврда за редовeн студент

Потврда дека месечните приходи во рамките на семејството се помали од просечната плата во Република С. Македонија

Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга институција или компанија

Есеј на тема „Мојата иднина како електро инженер“

Сите потребни документи испратeтe ги на jobs@evn.mk најдоцна до 06.04.2020