Одлука за продолжување на наставата на ФЕИТ од 18.3.2020 година

Објавено: март 17, 2020

 

ННС на ФЕИТ, на денешната седница донесе одлука за продолжување на наставата од 18.3.2020 година,  со примена на комбиниран начин на учење, по утврдениот распоред на часови за летниот семестар 2019/2020 година. За таа цел, во системот за електронско учење на ФЕИТ, е-kursevi,  имплементирани се два система за видео конференции. Исто така, донесена е одлука сите изданија на ФЕИТ (учебни помагала, учебници, збирки задачи, упатства за лабораториски вежби) да им бидат достапни на студентите преку порталот за електронско учење. Сите дополнителни информации поврзани со начинот на реализирање на наставата студентите ќе ги добијат преку електронска пошта.

 

Декан на ФЕИТ

проф. д-р Димитар Ташковски