ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА ПО МАТЕМАТИКА И ФИЗИКА

Објавено: август 27, 2019

Почитувани идни студенти на ФЕИТ,

Факултетот за електротехника и информациски технологии и годинава организира подготвителни курсеви по предметите математика и физика. Курсевите ќе се реализираат во 20 школски часа по секој  предмет,  во периодот од  16 до 27 септември 2019 година.

На  подготвителните курсеви по овие  предмети ќе се обработуваат сите  теми, вклучувајќи ги темите  кои не се застапени на државната матура, што треба новите студенти да ги повторат, за да се вклучат успешно во наставата.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликација на следниов линк:

https://forms.gle/XA97MjzgYp9Gzrgg6

или во општа служба во деканатот на ФЕИТ (датум:  11 септември 2019).

За сите дополнителни информации обратете се со е-пошта до

podgotvitelna2019@feit.ukim.edu.mk.

Факултет за електротехника и информациски технологии

Институт за математика и физика