С О О П Ш Т Е Н И Е – eлектронски упис на зимски семестар во учебната 2020/2021 за студентите запишани по првпат во прва студиска година

Објавено: септември 26, 2020

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии

Сите студенти запишани по првпат во прва студиска година (бруцоши) треба да извршат и електронско запишување на зимскиот семестар во учебната 2020/2021 год. во iKnow системот .

Во упатството за студенти имате подетално објаснување околу електронското запишување на семестар во iKnow системот.

НАПОМЕНА: Како изборен предмет странски јазик, задолжително треба да го запишете странскиот јазик што го избравте при уписот.

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ