С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање дополнителна ден сесија

Објавено: септември 6, 2019

Согласно академскиот календар за учебната 2018/2019 година, дополнителната ден сесија за предметите од зимскиот/непарен семестар ќе се одржи на 18.9.2019 година (среда).

Студентите можат да пријават само еден предмет кој го слушале во зимскиот семестар во учебната 2018/2019 и за истиот да ги имаат реализирано академските обврски (потпис и заверен семестар).

Пријавувањето на испитот за дополнителната ден сесија, студентите можат да го реализираат на 16.9.2019 година (понеделник) на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот со доставување: индекс, пријава за испит, и уплатница од 1.200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија.

Скопје, 6.9.2019 година

Одделение  за студентски прашања на ФЕИТ