Сите студенти запишани по првпат на втор циклус студии во учебната 2019/2020 година треба да извршат запишување на зимскиот семестар, избор на предмети и можен ментор во учебната 2019/2020 година во одделението за студентски прашања на:
7.11.2019 година од 12:30 до 14:30 часот,
и во iKnow системот во периодот:
од 4 до 7 ноември, 2019 година.
Документи за пријава на предмети и можен ментор:
- Образец со ознака А3 за запишување на семестар (предмети)
- Една фотографија со димензии ~ 3,5×4,5 cm
- Печатен доказ од IKnow за запишани предмети и избран ментор
- Индекс
Во упатството за студенти имате подетално објаснување околу електронското запишување на семестар во iKnow системот.
Студентите кои во дадениот рок нема да го реализираат запишувањето на семестарот, истото ќе можат да го направат по истечениот рок во Службата за студентски прашања со финансиски надомест од 500 денари на сметката на ФЕИТ.
За сите технички проблеми поврзани со системот iKnow може да се обратите до систем администраторот на електронската адреса : webadmin@feit.ukim.edu.mk.