Сооопштение за прием на студентите од I (прва) година академска 2023/2024 година

Објавено: септември 27, 2023
Република Северна Македонија

Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Факултет за електротехника и информациски технологии

 

Се известуваат студентите од I (прва) година дека академската година ќе започне на 2. октомври 2023 година (понеделник). Првиот академски час ќе започне во 10:00 часот во амфитеатарот на ФЕИТ.

Распоред

Час
10:00 Отворање на настанот со интонирање химни
10:05 Поздравен говор на Деканот, проф. д-р Владимир Атанасовски
10:15 Поздравен говор на поканет претставник од индустријата,  г-дин Горан Митрески, основач и главен менаџер на KABTEL
10:25 Поздравен говор на претставник на Факултетското студентско собрание – ФЕИТ
10:30 Свечено доделување на индекси на стипендисти

·         Десет стипендии за прворангираните студенти на ФЕИТ на Конкурсот за упис на студенти за учебната 2023/2024 година кои ги доделува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

·         Три стипендии кои ги доделува Националниот комитет на Северна Македонија во СИГРЕ (МАКО СИГРЕ) на студенти запишани на електроенергетските студиски програми.

·         Шест стипендии од Агенцијата за електронски комуникации за најдобрите студенти кои се запишале на студиската програма ТКИИ.

·         Единаесет стипендии кои ги доделува ФЕИТ на кандидати кои како средношколци освоиле прво место на државни или меѓународни натпревари.

10:35 Час за ориентација – survival tips & tricks – неформална дружба со постари колеги – студенти на ФЕИТ
10:50 Прием на студенти по студиски програми
Студиска програма Просторија
Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ) Лабораторија за електрични машини, трансформатори и апарати
Електроенергетика и проектен менаџмент (ЕЕПМ) 212
Електроенергетски системи (ЕЕС) Лабораторија за висок напон
Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР) 211
Компјутерски технологии и инженерство (КТИ) 223
Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ) Институт за електроника
Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ) Институт за телекомуникации