Сите студенти кои имаат потреба од документација за сместување во студентски дом треба да испратат e-mail до ssluzba@feit.ukim.edu.mk најдоцна до среда, 12.8.2020 год. во 15 часот. Кон пораката треба да се прикачат скенирани уплатници за реализирана уплата од 50,00 денари за административна такса и 100,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака Уверение за положени испити. Комплетната пополнета документација ќе може да се подигне на шалтерот од Одделението за студентски прашања од 12 до 14 часот, најрано 24 часа по испраќање на пораката, со задолжително почитување на препораките од Министерството за здравство.
Деканат на ФЕИТ