Соопштение за новите студенти – трет уписен рок

Објавено: септември 29, 2020

Запишувањето на новите студенти во третиот уписен рок на ФЕИТ ќе се спроведе на

30.9.2020 година

на шалтерите на одделението за студентски прашања на ФЕИТ во период од 10:00 до 11:00 часот.

На денот на доставување на документите, пожелно е да пристигнете 10 минути пред закажаниот термин во дворот на Факултетот, пред еден од двата влеза. Во просториите на Факултетот се овозможува влез на ограничен број кандидати, а за предавање на документите се дозволува влез само на кандидатот, но не и на неговиот придружник (освен во случаи кога се работи за кандидати на кои им е потребна асистенција во установата).
Ве молиме да избегнувате создавање турканици и непотребно задржување во просториите на Факултетот и задолжително да ги почитувате мерките и препораки за заштита и превенција од COVID-19:
Во просториите на Факултетот е задолжително носењето заштитна опрема (маска, марама) која ги покрива устата и носот.
При влез и излез од објектот задолжително се врши дезинфекција на рацете.
Пoтребно е одржување на потребното растојание меѓу кандидатите од минимум 2 метри во дворот и во објектот на ФЕИТ.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ

ВО УЧЕБНАТА 2020/2021

1.Индекс
2.Студентска легитимација
3.Три фотографии: две со димензии 3,5 х 4,5 cm, една со димензии 2 х 3 cm
4.Образец A3 за запишување на семестар (дупли ) истиот треба да биде комплетно пополнет (пример за пополнување на документот)
5.Договор за студирање на ФЕИТ (се добива на шалтерот на денот на упис)
6.Единечен лист (статистички) за запишување во 2020/2021 учебна година (ВОИ-20)
7.Потврда за уплатени 750,00 ден. За информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: ИКСА на УКИМ – ФЕИТ:

  • Жиро сметка: 160010368978818
  • Депонент: НБРМ
  • Трезорска сметка: 100000000063095
  • Повикување на број: 723012, програма 41
8.Потврда за уплатени 1400,00 ден. На жиро сметка на ФЕИТ со назнака за материјални трошоци во I семестар:

  • Трезорска сметка: 100000000063095
  • Трезорска подсметка: 160010428678814
  • Повикување на број 723012, програма 41
  • Депонент: НБРМ
  • Со назнака: трошоци за упис

Напомена: Сумата претставува збир од следниве обврски: 200,00 ден. – тетратки за испит; 150,00 ден. – обнова на книжен фонд; 100,00 ден. – солидарна одговорност за штети; 100,00 ден. – осигурување на студентите; 100,00 ден. – уверенија за редовност; 650,00 – материјали и опрема за лабораториски вежби; 100,00 ден.-информатор.

9.ЗА СТУДЕНТИ ВО ДРЖАВНА КВОТА

Потврда за уплатени 6.150,00 ден*. (прва рата од 200 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

  • Трезорска сметка: 100000000063095
  • Трезорска подсметка: 160010428678814
  • Повикување на број: 723012, програма 41
  • Депонент: НБРМ
  • Со назнака: Партиципација за упис на ФЕИТ
ЗА СТУДЕНТИ ВО КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ

Потврда за уплатени 12.300,00 ден*. (прва рата од 400 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

  • Трезорска сметка: 100000000063095
  • Трезорска подсметка: 160010428678814
  • Повикување на број: 723012, програма 41
  • Депонент: НБРМ
  • Со назнака: Школарина за упис на ФЕИТ

 

Покрај овие документи за упис на Факултетот, примените кандидати треба да ги достават и сите документи од пријавувањето кои беа испратени во електронска форма.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ОД ПРИЈАВУВАЊЕТО

*) Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат копии од своите документи заверени на нотар.

Скопје, 29.9.2020

Конкурсна комисија на ФЕИТ