Соопштение за организирање на дополнителна ден сесија

Објавено: септември 11, 2020

Согласно академскиот календар за учебната 2019/2020 година, дополнителната ден сесија за предметите од зимскиот/непарен семестар ќе се одржи во среда, 16.9.2020 година.
Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во зимскиот семестар во учебната 2019/2020 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната сесија студентите може да го реализираат со најавување на порталот e-Kursevi на следниов линк:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/quiz/view.php?id=11895

во периодот од 09:00 часот на 11.9.2020 до 12:00 часот на 15.9.2020. Од паѓачкото мени се избира предметот што се пријавува, а во соодветното поле се прикачува скенираната уплатница за извршена уплата од 1200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија (упатството).
За предметите кои во дополнителната сесија ќе се полагаат со физичко присуство, пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница се остава во испитната тетратка. За испитите кои во дополнителната сесија ќе се полагаат online, пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница се остава во сандачето на предметниот професор, под скалите на приземјето на Факултетот.

 

Скопје, 10.9.2020 година

Одделение за студентски прашања на фЕИТ