Соопштение за почеток со настава

Објавено: септември 29, 2020

Почитувани студенти,

Наставата во зимскиот семестар од учебната 2020/2021 ќе започне на 5.10.2020 година. Часовите за предавања и аудиториски вежби ќе се одвиваат online преку платформата Zoom, според распоредот на часови што ќе биде објавен на веб страницата на факултетот.

Лабораториските вежби по одделни предмети ќе се реализираат со физичко присуство во факултетските лаборатории. Сите неопходни информации поврзани со овие часови ќе ги добиете во текот на семестарот.

Деканат на ФЕИТ