Се информираат студентите запишани по првпат во учебната 2019/2020 година за задолжително подигање на дел од доставените документи при упис на Факултетот.
Документи кои се подигаат:
- Оригинални свидетелства од сите години
- Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- Извод од матична книга на родени
- Државјанство на Република Македонија.
Подигањето на документите може да се изврши секој работен ден од 12:30 до 14:30 на шалтерите од Одделението за студентски прашања со потпишување изјава.
Скопје, 6.12.2019 година
Продекан за настава
Проф. д-р Соња Геговска-Зајкова