Електромагнетика

Последна измена: септември 18, 2023

1.    Наслов на наставниот предмет

Електромагнетика

2.    Код

3ФЕИТ05Л015

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Андријана Кухар

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Математика 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните поими за електричното, стационарно струјно, стационарно и квазистационарно магнетно поле, законите кои важат за нив, начини за поврзување со концептот на електрично коло како форма за претставување на феномените. Запознавање со општите равенки на електромагнетно поле – Оспособеност за дефинирање на основните проблеми сврзани со пресметка на електрично и магнетно поле, и анализа на истото, користење на методи за пресметки, анализирање на добиените резултати и носење соодветни заклучоци

11.    Содржина на програмата: Eлектростатичко поле во вакуум и диелектрик, интегрален и диференцијален облик на Гаусов закон. Електричен скалар потенцијал, капацитивност и парцијални капацитивности на систем од тела. Гранични услови во електростатичко поле и методи на огледување. методи за анализа и компјутерска симулација на електростатичко поле. Стационарно струјно поле, електрична отпорност, отпорност на заземјувач, сложени заземјувачи. Стационарно магнетно поле во вакуум, интегрален и диференцијален облик на Амперов закон, магнетен вектор потенцијал. Стационарно магнетно поле во материја. Гранични услови во магнетно поле и методи на огледување. Магнетно коло, методи за решавање и компјутерска симулација на магнетно поле. Фарадеев закон и коефициенти на електромагнетна индукција, енергија и сила во магнетно поле. Општ облик на Максвелови равенки на електромагнетно поле во неподвижни средини. Елементи од електромагнетните бранови и зрачење.

12.    Методи на учење: Активно следење на наставата и вежбите, изработка на домашни задачи, симулациски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

25

17.4. Завршен испит

75

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

навремено предавање на домашни задачи

20.    Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и самостојните задачи.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит и самостојните задачи.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Љ. Јанев Електромагнетика 1 ЕТФ Скопје 1996

2

Ј. Сурутка Електромагнетика Академска мисао, Београд 2006

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Matthew N. O. Sadiku Elements of Electromagnetics Saunders College Publishing 1994