Енергетика и околина

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Енергетика и околина

Код: 3ФЕИТ04004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Антон Чаушевски

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршувањето на овој курс студентот се стекнува со знаења за влијанието на работата на електроенергетските објекти на околината. Се оспособува за изработка на анализи и студии за обезбедување оддржлив енергетски развој и експолоатација не електроенергетските објекти во согласност со еколошките стандарди .

Содржина на предметната програма: Производство на електрична енергија од различни технологии и нивно влијание врз животната средина. Атмосферски и геолошки состав. Типови фосилни горива и нивни состав. Ефекти од работата на ТЕЦ на фосилни горива врз околината. Тврд отпад (пепел) и емисија на гасови (азотни, сулфурни и јаглеродни оксиди). Ефектот на стаклена градина и значењето на озонскиот слој за животот на земјата.  Технологии за производство на електрична енергија. Технологии за смалување на емисија на гасови кај ТЕЦ на фосилни горива и нивна економска евалуација за цела-та постројка. Проценка на економските потреби за екстерни трошоци. Симулација на работата на разни врсти технологии на производство на електрична енергија врз околината.  Влијание на работата на нуклеарна централа врз животната средина. Класификација на радиоактивен отпад и начини за нивно решавање.  Ефекти од градба на хидроелектрични централи врз животната средина и евалуација на ефектите од нарушување на био циклусот на локално и глобално ниво. Одржлив развој на енергетиката. Квантификација на ризикот врз околината од работа на електроенергетски објекти.

Литература:

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

D. Feretić, Ž.Tomsic, N. Čavlina, D. Subaić Elektrаnе i okolis Element, Zagreb 2002

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Џон Ендруз,  Ник Џели Наука за енергетика, принципи, технологии и влијанија Дата Понс 2007

2

. A. Fay, D. Golomb Energy and the Environment Oxford University Press 2002