Енергетски електронски компоненти и преобразувачи

Последна измена: јануари 6, 2020

Предмет: Енергетски електронски компоненти и преобразувачи

Код: 3ФЕИТ05008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со познавања за основните компоненти, кола и уреди кои се користат во енергетската електроника, како и компетенции за проектирање и реализација на енергетски ефикасни преобразувачи на електрична енергија и системи кои се применуваат во индустријата и домаќинствата.

Содржина на предметната програма: Класификација на енергетските електронски компоненти и преобразувачи. Преглед на модерните електронски енергетски елементи и нивните основни својства. Диодни еднофазни и повеќефазни насочувачи. Мрежноуправувани еднофазни и повеќефазни насочувачи и инвертори. Четириквадрантни насочувачи. Еднофазни и трифазни автономни инвертори. Принцип на работа на напонските и струјните инвертори и нивна основна примена. Еднонасочни преобразувачи – тиристорски чопери, снижувач на напон, повишувач на напон и универзален преобразувач. Вовед во резонантни преобразувачи. Еднонасочни, еднофазни и трифазни статички прекинувачи. Наизменични преобразувачи – регулатори на напон, преобразувачи на фреквенција со природна и присилна комутација. Матрични преобразувачи. Вовед во основните принципи на заштита на енергетските електронски компоненти и преобразувачи – разладни тела, кола за придушување, напонска и струјна заштита. Преглед на примената на системите на енергетската електроника: непрекинати извори за напојување, драјвери за dc мотори, dc серво драјвери, драјвер за индукционен мотор, уреди за загревање и ладење, var компензација, инретконекција на хидро и ветрогенератори. Оптимизација на врските кај системите од енергетската електроника.

Литература:

Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Гоце Љ. Арсов Основни кола во енергетската електроника интерна скрипта, ФЕИТ–Скопје 2000
2 Mohan N., Undeland T, Robbins W. Power Electronics – Converters, Applications and Design, 3-rd Ed. Wiley 2007
3 F. L. Luo, H. Ye, M. H. Rashid Digital Power Electronics and Applications Elsevier Academic Press 2006
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 R. W. Erickson, D. Maksimovic, Fundamentals of Power electronics, 2nd edition Springer 2001
2 Philip T. Krein Elements of Power Electronics Oxford University Press, New York 2009
3 Ewald F. Fuchs, Mohammad A.S. Masoum Power Conversion of Renewable Energy Systems Springer 2011