Физика 1

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Физика 1
2. Код 4ФЕИТ08З015
3. Студиска програма ЕАОИЕ,ЕЕПМ,ЕЕС,КТИ,КСИАР,КХИЕ,ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар I/1 7. Број на ЕКТС 7
8. Наставник Д-р Маргарита Гиновска, Д-р Христина Спасевска, Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска, Д-р Ивана Сандева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Користење на основните физички законитости при решавање на основните проблеми од инженерството.
• Примена на техники од математичка анализа за решавање на физички проблеми.
• Дефинирање на кинематички величини (поместување, брзина, забрзување) и примена на врската помеѓу нив.
• Примена на Њутновите закони и законите за запазување на импулс и на енергија на механички системи.
• Примена на основните механички принципи кај осцилации и бранови.
• Примена на равенката на континуитет и Бернулиевата равенка кај флуиди.
• Објаснување на законите за идеален гас и примена првиот и вториот закон на термодинамика кај топлински машини.
• Објаснување на основните појави од геометриска оптика.
11. Содржина на програмата: Применети техники од математичка анализа за решавање на физички проблеми. Вовед во Физика. Физички величини и единици мерки. Кинематика на материјална точка. Галилееви трансформации на положба и брзина. Рамномерно праволиниско и криволиниско движење. Променливо движење. Движење во поле на земјина тежа. Динамика. Њутнови закони. Инерцијален и неинерцијален референтен систем. Заемнодејство помеѓу телата. Закони за запазување на импулс и енергија. Динамика на вртливо движење. Апсолутно цврсто тело. Кинематика и динамика на апсолутно цврсто тело. Флуиди. Гравитација, статика на флуиди. Динамика на идеален флуид. Вискозност. Претворба на механичка енергија на флуиди во електрична енергија. Осцилации. Просто хармониско осцилаторно движење. Равенка на осцилаторно движење и нејзино решение. Енергија при ПХОД. Пригушени и присилни осцилации. Резонанција. Врзани осцилирачки системи. Нормален мод на осцилирање. Механички бранови. Фазна брзина, бранова равенка и бранов пакет. Суперпозиција на бранови,. Трансверзални и лонгитудинални бранови (равенка, брзина на простирање и стојни бранови). Трансмисија и рефлексија на бран. Звук, ултразвук, вибрации и бучава. Доплеров ефект. Состојба на материјата. Еквипартиција на енергијата и Максвел-Болцманова распределба. Равенка за состојба на иделен гас. Топлина, топлинско ширење и механизми на пренос на топлина (конвекција, топлоспроводност и зрачење). Апсолутно црно тело. Штефан-Болцманов закон. Термодинамика. Работа, топлина и внатрешна енергија. Прв и втор закон на термодинамика.Принцип на функционирање и ефикасност на топлински машини и топлински пумпи. Ентропија. Геометриска оптика. Ферматов принцип на простирање на светлината. Основни закони во геометриска оптика. Оптички инструменти. Фотометрија. Фотометриски физички величини, методи на нивно мерење и нивна примена во моделирање на осветленост на површини и простории. Моделирање и симулација на физички појави.
12.Методи на учење Предавања, презентации, аудиториски и лабораториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 210
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 20
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите, …). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестовите.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 М. Гиновска, Х. Спасевска, Л.С. Георгиевска Предавања по предметот Физика 1 ФЕИТ, УКИM 2015
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J. Serway Physics for scientists and engineers Thomson Books 2004
2 P. Tipler Physics for scientists and engineers Worth Publishers 1999