Истражувачки проект од областа на електроенергетиката

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Истражувачки проект од областа на електроенергетиката

Код: 3ФЕИТ04

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови0+0+0+6

Наставници: Сите наставници кои може да бидат ментори на студиската програма ЕЕ

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен да направи истражување за дефинирана тема од областа на електроенергетиката, определи методологија со кои ќе ја истражува темата и да определи  релевантна литература за изработка на магистерски труд.

Содржина на предметната програма: Дефинирање на специфична тема за продлабочено истражување во теоријата и практиката на електроенергетиката. Методологија за научно-истражувачка работа најсоодветна за истражуваната тема. Проучување на релевантна литература за специфичната тема и дефинирање на можностите, интензитетот и динамиката на истражувањето. Дефинирање на очекуваните резултати од истражувањето и нивна примена во електроенергетиката. Практична димензија и применливост на резултатите од истражувањето. Верификација со семинар / научно-истражувачки труд на научен или стручен собир или публикација.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Избрани трудови од различни автори (IEEE) IEEE Transaction on Power Systems IEEE Press  

2

Избрани трудови различни автори IEEE Transaction on Power Delivery IEEE Press