Истражувачки проект од областа на обновливи извори на енергија

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Истражувачки проект од областа на обновливи извори на енергија

Код: 3ФЕИТ01

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 0+0+0+6

Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма ОИЕ

Цели на предметната програма (компетенции): Во рамките на предметот се предвидува изработка на  проектна задача со која ќе се согледа состојбата со достигањата од областа на интерес, ќе се направи преглед на можна литература, ќе се добијат почетни резултати од истражувањето, со што ќе се создадат предуслови за пријавување на магистерскиот труд.