Линеарна алгебра

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Линеарна алгебра

Код: 3ФЕИТ08010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Билјана Начевска-Настовска

Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на курсот студентот  ќе има напредни знаења од областа на матричната анализа и нејзина примена и ќе биде  оспособен да го примени знаењето од областа  во решавање на различни практични проблеми од областа на применета математика и инженерство.

Содржина на предметната програма: Матрична алгебра и векторски простори. Линеарни трансформации. Норми, скаларен производ и ортогоналност. Разни матрични декомпозиции (ортогонална, сингуларна). Метод на најмали квадрати.  Сопствени простори. Нормални и позитивно дефинитни матрици. Обопштени инверзи-нивно постоење, особини и примена. Теорија на Перон-Фробениус за ненегативни матрици. Стохастички матрици и Маркови вериги. Матрични неравенства.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Carl  D. MeyerMatrix Analysis and applied Linear AlgebraSIAM2000
2Peter Lancaster, Miron TismenetskyThe Theory of MatricesAcademic Press2007
3    
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Gilbert StrangLinear Algebra and its ApplicationsBrooks Cole2006