Микроконтролери

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Микроконтролери
2. Код 4ФЕИТ05Л025
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Љупчо Караџинов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со внатрешната архитектура на 8-битните микроконтролери, нивниот инструкциски сет, користењето на интерапти, како и вградените периферни уреди. Стекнати знаења и способност за проектирање на вградливи микрокомпјутерски системи со 8-битни микроконтролери.
11. Содржина на програмата: Вовед, примена на микроконтролерите, фамилии микроконтролери, критериуми за селекција. Внатрешна архитектура на микроконтролерите: ALU, Harvard и von-Neumann архитектури, мемориски адресен простор, формат на инструкции, различни микроконтролерски архитектури. Архитектура на фамилијата PICmicro: основно јадро, програмска меморија, податочна меморија, I/O регистри, хардверски регистри, регистри со специјална намена, програмски бројач и стек. Видови адресирање, извршување на инструкциите, инструкциски циклус, проточна обработка. Програмски јазик асемблер. Сет на инструкции на mid-range PICmicro: инструкции за запишување и преместување податоци, за условна промена на текот на програмата, контролни инструкции. Видови интерапти и нивна примена. Хардверски карактеристики: I/O порти, надворешен и внатрешен осцилатор, видови ресет и кола за ресетирање, конфигурационен збор. Вградени периферни уреди: бројачи и тајмери, запишување и исчитување од EEPROM и програмската меморија, A/D конвертор, коло за референтен напон, CCP модули, аналогни компаратори, модули за сериска комуникација. Програмирање на микроконтролери со програмскиот јазик C.
12.Методи на учење Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 0 + 2 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 45
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 40
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 40
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изведени и колоквирани лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот

Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа/проектна задача/ и истата да ја предаде најдоцна до завршување на наставата.

Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.

За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Myke Predko Programing and Customizing PICmicro Microcontrollers McGraw Hill 2008
2 Tim Wilmshurst Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers, Principles and applications, 2nd edition Elsevier 2007
3 Sid Katzen The Quintessential PIC Microcontroller, 2nd edition Springer 2005
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Matic Nebojsa PIC Mikrokontroleri MikroElektronika 2008
2 J. Sanchez, M. P. Canton Microcontroller Programing: The Microchip PIC CRC Press 2007
3 Microchip Mid-Range Ref. Manual (33023a.pdf) Microchip 2010