1. Наслов на наставниот предмет |
Моделирање на податоци и бази | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ07Л018 | |||||||
3. Студиска програма |
КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
II/4, III/6, IV/8 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Горан Јакимовски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Податочни структури и програмирање | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Моделирање со помош на EA и EEA дијаграми. Пишување на прашалници со помош на SQL и релациона алгебра. По завршување студентот ќе може да проектира сопствени бази на податоци, да ги одржува и да пишува SQL прашалници. |
||||||||
11. Содржина на програмата: ВОВЕД во податочни структури. Физичка организација на меморија. Концепт на податок. Различни податочни структури. Дефинирање на блокови. PILE, Хеширање, B, B+, B* огранизација на меморија. Организација на диск. Сместување на податоци и пристап до дискови. Оптимизација на пристапувањето. Модели на реален свет. Класен дијаграм. Вовед во Ентитет-Асоцијација дијаграм. Проширен ЕА дијаграм. Моделирање. Мапирање на ПЕА дијаграм во Релациони бази на податоци. Креирање на табели со SQL синтакса. Разлики помеѓу SQL бази на податоци и релациони бази на податоци. Поставување на прашања. Релациона алгебра. Релациони пресметки. Напредни оператори и резултати од прашањата во релациона алгебра. Вовед во SQL прашања. SQL синтакса. Резултат од прашањата. Мулти-множества. Агрегатни функции. Дефинирање на функционална зависност на податоците. Разрешување на функционална зависност. Нормализација на податоци. Нормални форми. Дефинирање на настани. Тригери (окинувачи) |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
25 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
20 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
60 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
80 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути, со дополнителни 30 минути), кои се состојат од теоретски дел и практичен дел. Студентите имаат опција да го полагаат предметот и на испит, доколку не сакаат преку парцијалните испити. Студентите мора да ги полагаат и практичниот и теоретскиот дел, притоа тие се полагаат истовремено. Теоретскиот дел се состои од кратки прашања поврзани со материјалот, додека пак практичниот дел е каде студентите добиваат барања за моделирање, дизајн и изработка на база на податоци, проследена со пишување на SQL прашања. Теоретскиот дел носи 30% од поените, додека пак практичниот 70% од поените за оценката |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Рамез Елмасри, Шамкант Б. Навати | Основи на системи со бази на податоци | превод влада | 2015 | ||||
2 |
C.J. Date | An introduction to database systems | Pearson | 2015 | ||||
3 |
Х. Гарсија Молина, Џ. Д. Улман, Џ. Видом | Системи за бази на податоци | превод влада | 2008 |