Модерни безжични комуникации

Објавено: февруари 11, 2019

Предмет: Модерни безжични комуникации

Код: 3ФЕИТ10017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Венцеслав Кафеџиски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот се очекува студентот да ги познава модерните техники на пренос кај постојните и идните безжични системи за комуникација помеѓу луѓе и помеѓу уреди, и да биде подготвен да се занимава со научноистражувачка работа во областа на безжичните комуникации и безжичните системи.

Содржина на предметната програма: Безжични канали  Tехники на пренос кај модерните безжични системи. Системи со експандиран спектар. OFDM. MIMO. Техники на повеќекратен пристап. CDMA. OFDMA. Повеќекориснички MIMO системи. Системи со релеа. Кооперативни комуникации со координирано предавање и прием. Управување со интерференцијата. Повеќеклеточни и мрежни MIMO системи. Координација помеѓу уредите (пр. користење на дронови за воспоставување на флексибилна мрежа). Мобилни системи од петтата генерација (5G). Радио пристапна мрежа во облак (C-RAN). Нови техники на пренос кај 5G: нови модулациски постапки, неортогонален повеќекратен пристап, масивни MIMO системи, D2D (device to device) комуникација, милиметарски бранови, фул дуплекс пренос, мали клетки, кеширање на содржина. Техники на пренос кај Интернет на нешта (IoT) и комуникација на машина со машина (М2М). Стандардизациски активности во ETSI, ITU и IEEE.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Andrea Goldsmith Wireless Communications Cambridge University Press 2005
2 V. W. S. Wong, R. Schober Key Technologies for 5G Wireless Systems Cambridge University Press 2017
3 H. Huang, C. B. Papadias, S. Venkatesan MIMO Communication for Cellular Networks Springer 2012