1. Наслов на наставниот предмет | Основи на конвексна оптимизација со примена | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ08З012 | |||||||
3. Студиска програма | NULL | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | 7. Број на ЕКТС | 6 | ||||||
8. Наставник | Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Д-р Зоран Хаџи-Велков | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Математика 1, Математика 2 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основната теорија на конвексна оптимизација. Разбирање и интерпретирање на основните концепти и алатки на конвексната анализа и нивна примена во математичка оптимизација. Препознавање и формализација на проблеми во инженерството како модели за математичка оптимизација. Решавање на конвексни оптимизациски проблеми кои се јавуваат во инженерството. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Поим за математичка оптимизација. Значење на конвексната оптимизација во електротехниката и информациските технологии (примери). Конвексност наспроти неконвексност. Конвексни функции. Конвексни множества. Безусловна оптимизација. Линеарно програмирање. Метод на Лагранжови множители. Примена на нумерички методи за решавање оптимизациски проблеми. Методи на опаѓање по градиентот. Квадратна оптимизација. Проблеми на најмали квадрати. Конвексно програмирање. Услови за оптималност. Услови на Karush-Kuhn-Tucker за оптималност. Дуален проблем. Метод со внатрешна точка. Користење на софтверски алатки за оптимизација. Оптимизација во машинско учење. Моделирање и решавање оптимизациски проблеми од електротехниката и информациските технологии. | ||||||||
12.Методи на учење Класична настава подржана со практични вежби и пресметковни задачи, самостојно решавање на домашни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 35 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 50 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 40 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовна посета на наставата | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот). За студентите кои ги положиле парцијалните испити може да се спроведе завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, од задачите предвидени за индивидуална работа на студентот (домашни работи) и завршниот устен испит. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | S. Slobec, J. Petric | Nelinearno programiranje | Naucna knjiga | 1989 | ||||
2 | D.G. Luenberger и Y. Ye | Linear and Nonlinear Programming (fourth ed.) | Springer, Cham | 2016 | ||||
3 | S. Boyd и L. Vandenberghe | Convex optimization | Cambridge university press | 2004 |