1. Наслов на наставниот предмет |
Основи на вештачка интелигенција | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ01З014 | |||||||
3. Студиска програма |
КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
III/5 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Весна Ојлеска Латкоска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основите на вештачката интелигенција; оспособување за самостојно решавање на практични инженерски задачи и проблеми од вештачката интелигенција. |
||||||||
11. Содржина на програмата: 1. Вовед во вештачката интелигенција (ВИ). 2. Интелигентни агенти и нивната околина. 3. Решавање проблеми во ВИ: формулирање проблем во ВИ, мерка за успешност на решението на еден проблем во ВИ, поим за слепо и евристичко, неоптимално и оптимално пребарување, различни постапки за слепо пребарување, постапки за евристичко пребарување, проблеми со ограничувања – дефиниција, постапка, примери. 4. Игри во ВИ: поим за оптимално одлучување во игрите, поим за оптимални стратегии во игрите, функција за проценка на позициите во игрите, МИНИМАКС алгоритамот, игри со повеќе играчи, алфа-бета отсекување, игри на среќа. 5. Учење: облици на учење, стебла на учење, статистички методи на учење, примена во играњето игри, примена во роботиката. 6. Невронски мрежи: структура на невронските мрежи, видови невронски мрежи и нивно обучување. |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања, презентации, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
0 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
45 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
60 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
30 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
0 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
70 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 49 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 50 до 59 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 60 до 69 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 70 до 79 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 80 до 89 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 90 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
успешно завршени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и домашни и проектни задачи, кои се презентираат/бранат за време на семестарот. 1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Дополнително, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, домашните и проектните задачи, како и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, домашните и проектните задачи, како и завршниот устен испит (ако е спроведен) |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Стјуарт Расел, Питер Норвиг | Вештачка интелигенција – Современ приод | 2010 | |||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Е. Лазаревска | Предавања по предметот основи на вештачката интелигенција | ФЕИТ – Скопје | 2017 |