1. Наслов на наставниот предмет | Основи на засилена реалност | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10З019 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Славче Пејоски, Д-р Томислав Шуминоски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Податочни структури и програмирање | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). По завршување на курсот, студентот е способен: да ги разликува различните типови на засилена реалност и да ја разликува од мешана и виртуелна реалност; да ги познава основните технолошки детали важни за засилената реалност (аудио визуелен систем на човекот, дисплеи, сензори и кориснички интерфејси); да ги знае и разликува основните апликации на засилена реалност (медицина, образование, комерцијални цели, спорт и тренинг); да ги разликува основните софтверски алатки и технологии; да може да идентификува барањата на апликациите; да може да направи основна софтверска апликација со користење дел од софтверските алатки | ||||||||
11. Содржина на програмата: Типови на засилена реалност. Организација на систем за засилена реалност. Технолошки детали: аудио визуелен систем на човекот, дисплеи за засилена реалност, сензори и кориснички интерфејси за засилена реалност. Компоненти на сцена со засилена реалност. Софтверски алатки и технологии: OpenXR, Spark AR, AR Foundation, ARKit, ARCore. Примени на засилена реалност. |
||||||||
12.Методи на учење Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 25 | |||||||
16.3. Домашно учење | 50 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 5 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 40 | |||||||
17.3. Активност и учење | 5 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Завршени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 60 минути) и изработка на практична проектна задача (по завршување на теоретскиот дел). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, поените од проектната задача и поените од тестовите. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 90 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, поените од проектната задача и поените од тестовите. За време на испитот е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Peddie, Jon | Augmented Reality Where We Will All Live | Springer International Publishing | 2017 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Steve Aukstakalnis | Practical Augmented Reality: A Guide to the Technologies, Applications, and Human Factors for AR and VR | Addison-Wesley | 2017 | ||||
2 | Jonathan Linowes | Augmented Reality with Unity AR Foundation | Packt Publishing Ltd | 2021 |