Примена на обновливи извори на енергија

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Примена на обновливи извори на енергија
2. Код 4ФЕИТ02019
3. Студиска програма 1-ОИЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Влатко Стоилков
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со успешно положување на овој предмет, студентот ќе се стекне со знаења за апликативните аспекти на искористувањето енергетскиот потенцијал на  ветрот, водените ресурси, соларната термална и биомасата како обновливи извори на енергија. Стекнатите познавања од областа на искористување на енергетскиoт потенцијал на ОИЕ ќе му овозможат на студентот полесно да го надградува своето знаење во оваа област.

11. Содржина на програмата:

Споредба на конвенционални и обновливи извори на енергија. Животната средина и ОИЕ. Историски развој на искористувањето на енергијата на ветрот. Енергетски потенцијал на ветрот како ОИЕ. Основни параметри и закони кои влијаат на конверзијата на енергијата на ветрот. Механичка и електрична конверзија на енергијата на ветeрот. Мали хидроцентрали (МХЕ) како обновлив извор на енергија. Објекти и класификација на МХЕ. Производство на електрична енергија и поврзување на дистрибутивна мрежа. Упатства за реализација на проект на мала хидроцентрала (МХЕ на природен водотек, систем за наводнување и водовод за населено место). Проекти на малите ХЕЦ со примери од пракса. Сончево зрачење на површината на Земјата и негови карактеристики. Видови на сончеви термални колектори. Системи со сончеви термални колектори. Аспекти на искористувањето на биомасата како ОИЕ. Термохемиска конверзија.  Постапка и припрема во процесот на сосгорување на биомасата.  Технологии за конверзија на енергијата од биомаса во топлинска и електрична енергија.

12. Методи на учење:

Предавања и вежби со презентации и симулации. Домашни работи и изработка на проектни задачи и семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит  бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% од предвидени предиспитни обврски
20. Начин на полагање на испитот
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација на крајот од наставниот циклус
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Miguel A. Sanz-Bobi (eds.) Use, Operation and Maintenance of Renewable Energy Systems: Experiences and Future Approaches Springer International Publishing 2014
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  web-извори