Принципи на метрологија и менаџмент на квалитет

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Принципи на метрологија и менаџмент на квалитет

Код: 3ФЕИТ03011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Марија Чундева-Блајер

Цели на предметната програма (компетенции): Кандидатите се запознаваат со основите на метрологија. Се стекнуваат со знаења од мерните постапки, карактеристиките на мерните уреди и мерните преобразувачи. Стекнато знаење за системите за управување со квалитет, компетентност и безбедност. Кандидатот е оспособен за креација, имплементација и одржување на различни системи за менаџмент на квалитет.

Содржина на предметната програма: Вовед во метрологија. Поделба на метрологијата. Базични поими во метрологијата.  Дефинирање на мерните единици. Реализација еталони на мерните единици. Развој на мерила и областа на нивна примена. Воспоставување на ланец на следливост на резултатите од мерењата. Метролошка инфраструктура. Поим за квалитет и политика за квалитет. Организација и раководење. Процесен пристап кон организацијата и менаџмент системот. Основни барање на стандардот за управување со квалитетот ИСО 9001. Други меѓународни стандарди за управување со квалитетот, компетентноста и безбедноста. Пристап кон тотален квалитет. Студиски примери на метролошки системи и менаџмент системи за квалитет.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1R. Malarić“Instrumentation and Measurement in Electrical Engineering”Brown Walkner Press, Boca Raton, Florida, USA2011
2Alan Moris“Measurement and Instrumentation Priciples”Butterworth-Heinemann2001
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1H. M. Wadsworth, K.S. Stepehens, A.B.GodfreyModern Methods for Quality Control and ImprovementJohn Wiley&Sons2002