Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи
2. Код 4ФЕИТ12009
3. Студиска програма 7-НКС, 8-КМ-ИНН
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Никола Рендевски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со практични и применливи аспекти од процесот на проектирање, анализа и детекција на проблеми кај гигабитните безжични локални мрежи во фреквентните подрачја на 2.4 GHz, 5 GHz и 60 GHz. Стекнување на вештини за избор на мрежна опрема, комуникациски стандарди и конфигурација на безжичната мрежна опрема во зависност од очекуваните перформанси, на сите нивоа од ISO/OSI референтниот модел.

11. Содржина на програмата:

Стандардизациски тела (IEEE, IETF, ITU-R). Стандарди (Формални и Неформални). Процес на стандардизација. Краток вовед и верификација на практични знаења од областа на безжични/радио комуникации. Електромагнетни бранови, радио фреквенција. Аналогни и дигитални модулациски техники. Носител (Carrier). Пропагациски ефекти и нивно влијание врз перформансите на безжичен линк. Буџетирање на безжични линкови. Добивки, Загуби (од простирање, засенување, интерференција). Системска оперативна маргина (SOP). Антени и антенски конфигурации. Адаптивни антенски системи (Beamforming). Капацитет на безжичен линк. Информациска и кодна рата. Фреквентен опсег (Bandwidth) и канал (Channel). Безжичен пренос со повеќе носители. Вовед во OFDM. Пресметка на OFDM параметри и достигнување на гигабитни перформанси. MIMO-OFDM. IEEE 802.11 a/b/g/n/ac/ad (2.4 GHz, 5 GHz и 60 GHz). IEEE 802.15.3c. Интероперабилност помеѓу различните стандарди за безжични локални мрежи. Топологии. Контрола на пристап – MAC ниво кај 802.11/802.15 мрежите. Основен сервисен сет (BSS, IBSS, ESS). Техники за реализација на безбедност кај локалните и персонални безжични мрежи. Роаминг во безжични локални мрежи. Процес на проектирање: Анализа и комплексност на околина (физичка и виртуелна). Алатки. Техники за избор на канали и намалување на интерференција. Тестирање на перформанси. 802.11T (Wireless Performance Prediction). 802.11u – (Wireless Internetworking with External Networks – WIEN).  Инфраструктурен хардвер и софтвер.Техники за детекција на проблеми во безжичните мрежни конфигурации (Troubleshooting) – Пристап: симптом, дијагноза, решение. Алатки за проектирање и анализа.

12. Методи на учење:

Предавања, самостојно учење, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа.
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот, може да се полагаат тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. На крај на семестарот или во другите испитни сесии, се полага писмен испит во времетраење од најмногу 120 минути. Се изработува семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.    Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Su-Khiong Yong, Pengfei Xia, Alberto Valdes-Garcia 60 GHz technology for Gbps WLAN and WPAN: from theory to practice Wiley 2012
2. Jim Geier Designing and Deploying 802.11 Wireless Networks: A Practical Guide to Implementing 802.11n and 802.11ac Wireless Networks For Enterprise-Based Applications Cisco Press 2016
3. Eldad Perahia, Robert Stacey Next generation wireless LANs: 802.11n, 802.11ac, and Wi-Fi direct Cambridge University Press 2013
23.2.    Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Ramjee Prasad  OFDM for Wireless Communications Systems  Artech House  2004
2.  Eldad Perahia, Robert Stacey  Next Generation Wireless LANs: 802.11n and 802.11ac  Cambridge University Press  2013
3.  Shahriar Emami  UWB Communication Systems: Conventional and 60 GHz: Principles, Design and Standards  Springer  2013