1. Наслов на наставниот предмет | Проектирање на сигурносни системи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01Л015 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Живко Коколански,Д-р Душко Ставров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Мерења во електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со потребата за сигурност и заштита при работата на автоматизираните системи и процеси. Изучување на најчесто употребуваните сигурносни системи за различни примени. Оспособување за проектирање, примена, тестирање, одржување и надградување на сигурносни системи. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во безбедносно инженерство и теорија на сигурносни системи. Системи за заштита во нисконапонски електрични инсталации и нивно тестирање. Поим за струја на куса на врска, отпорност на јамка и струја на грешка. Мерење на отпорност на изолација во нисконапонски електрични инсталации. Заштита во потенцијално експлозивни зони, стандардизација и проектирање. Проектирање и имплементација на безбедносни бариери. Мерни постапки за тестирање на подни облоги со антистатички својства. Детекција на токсични гасови и правила за инсталирање на мерни системи. Проектирање на системи за заштита од корозија со помош на катодна заштита. Системи за заштита од пожар. Сензори за регистрирање пожар, автоматски распрснувачи и системи за дојава на пожар. Централна единица за заштита од пожар и поделба и дефинирање на зони. Поим за контрола на пристап и детекција на присуство. Биометриски и електронски системи за детекција на присуство. Заштита од провала. Заштита од кражба. Системи за видео надзор. Далечинско мониторирање. Автономни системи за видео запис. Архитектури на BAS системи. Заштита во ИТ системи. Сигурносни системи за Интернет. Безбедност на компјутерски системи и енкрипција на податоци. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, тестирање на лабораториски вежби и можна изработна на проектна задача. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и проектната задача. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и проектната задача. Проектната задача студентот ја работи за време на лабораториските вежби и мора да демонстрира практично решение и техничка документација две недели пред крајот на семестарот. За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Живко Коколански | Проектирање на сигурносни системи, интерна скрипта | ФЕИТ | 2021 | ||||
2 | Lorie Faith Cranor | Security and Usability | O’Reilly | 2005 | ||||
3 | Robert L. Pearson | Electronic Security Systems | Elsevier | 2007 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | A.W. Peabody | Control of Pipeline Corrosion | Addison Wesley | 2018 | ||||
2 | Mohammad S. Obaidat | Security of e-Systems and Computer Networks | Cambridge | 2007 | ||||
3 | Matt Bishop | Computer Security: Art and Science | Addison Wesley | 2002 |