Софтверски дефинирани мрежи

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Софтверски дефинирани мрежи

Код: 3ФЕИТ10029

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Борислав Поповски, Вон. проф. д-р Перо Латкоски

Цели на предметната програма (компетенции): Проучување на новиот концепт на телекомуникациски мрежи со централизиран телекомуникациски софтвер за контрола на однесувањето на целата мрежа.

Содржина на предметната програма: Вовед во софтверски дефинирани мрежи (Software Defined Networking – SDN). Потреба од нова мрежна архитектура. Активни телекомуникациски мрежи и архитектури. Податочна рамнина кај SDN. Контролна рамнина кај SDN. Скалабилни и флексибилни податочни мрежи (VL2). OpenFlow-базирани софтверски мрежи. SDN имплементациски модели. Софтверски екстензии за сигурност (FortNox), за безжични комуникации (OpenRadio, Odin), за мрежни функции (BigData, RouteFlow), за балансирање на сообраќај, за енергетска ефикасност. Мрежна визуелизација. Мрежна виртуелизација (OpenVSwitch). Апликации во телекомуникацискиот пазар. Примена кај мобилните мрежи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Paul Goransson,‎ Chuck BlackSoftware Defined Networks: A Comprehensive ApproachMorgan Kaufmann2014
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Jim DohertySDN and NFV Simplified: A Visual Guide to Understanding Software Defined Networks and Network Function VirtualizationAddison-Wesley Professional2016