1. Наслов на наставниот предмет | Теорија на автоматско управување 2 | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01З021 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Душко Ставров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушани: Теорија на автоматско управување 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните концепти за анализа на дискретните системи на автоматско управување. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени да ги анализираат дискретните системи на автоматско управување во временското и фреквенциското подрачје, и да иследуваат стабилност со аналитички и графо–аналитички критериуми. | ||||||||
11. Содржина на програмата: 1. Дискретни и хибридни системи на автоматско управување и нивната примена во пракса. Осврт на операциите земање примероци, квантизирање и реконструкција на сигналите од гледиште на техничките барања во автоматиката. 2. Анализа на линеарните дискретни системи на автоматско управување. Осврт кон математичкиот апарат за анализа и синтеза. Преносни функции. Структурни блок-шеми и алгебра на блок-шемите. 3. Одѕив во временско и фреквенциско подрачје. Карактеристики и показатели на квалитетот на поведението. 4. Стабилност на линеарните дискретни системи на управување. Аналитички и графо–аналитички критериуми за испитување стабилност на дискретните системи на автоматско управување. 5. Дискретни управувачки закони – изведување на дискретен ПИД управувач. 6. Геометриско место на корени. Правила за цртање и анализа на база на геометриското место на корени 7. Дискретните системи во просторот на состојби. Методи за изведување на модел во просторот на состојбите. Анализа на стабилноста, управливоста и обсервабилноста на база на моделот во просторот на состојби. Трансформација од континуален во дискретен модел во просторот на состојбите. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 45 | |||||||
16.3. Домашно учење | 60 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). 1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | B. C. Kuo | Digital Control Systems | Oxford University Press | 1995 | ||||
2 | Katsuhiko Ogata | Discrete-time Control Systems | PHI Learning | 2013 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | E. Лазаревска | Анализа на линеарните дискретни системи на автоматско управување | ЖАКИ | 1994 | ||||
2 | Е. Лазаревска, В. Ојлеска | Збирка решени задачи од областа на линеарните дискретни динамички системи | УКИМ – Скопје | 2016 |