Предмет: Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност
Код: 3ФЕИТ02024
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции да дизајнира различни системи на управување на електроенергетските уреди (ЕЕУ), и да користи напредни техники на управување кои допринесуваат за подобрување на енергетската ефикасност во индустријата и штедењето на електричната енергија.
Содржина на предметната програма: Вовед во енергетска ефикасност од аспект на регулациони техники применети за регулација на брзината, моментот и факторот на моќност на електричните машини. Динамички режими на работа на електричните мотори од аспект на енергетската ефикаснот. Системи за управување на електричните машини за зголемување на нивната ефикасност. Различни техники на егулација применети кај МНС со зголемена ефикасност: Скаларни методи на регулација на брзината и векторски методи за динамичка контрола на факторот на моќност. Примена на модерни регулатори (адаптивни и обсервери) за регулација на моментот и брзината со зголемена енергетска ефикасност. Потенцијали за штедење на електрична енергија кај моторите со променлива брзина.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Горан Ристо Рафaјловски | Електрични мотори динамика и управување | Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје | 2012 |
2 | Math.H.J. Bollen | Understanding Power Quality Problems | IEEE Press, New York,2010 | 2010 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | B.K.Bose | Modern Power Electronics and AC Drives | Prentice Hall , Upper Saddle River, NJ,2012 | 2012 |