ЕМИТЕР – бесплатно за сите студенти и вработени на ФЕИТ

Објавено: декември 30, 2019

Сите студенти и вработени на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе имаат бесплатен пристап до содржините на списанието ЕМИТЕР. Тоа е првата високо-образовна институција корисник на системот за групна електронска претплата на веб продавницата www.emiter.mk Претплатата на сите студенти на ФЕИТ ќе им овозможи брз и едноставен пристап до содржините на Емитер, што...

С О О П Ш Т Е Н И Е – Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено: декември 25, 2019

Пријавување испити на прв циклус студии во јануарската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 8 до 16.1.2020 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5 Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испит во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена...

Најава за работилница “Примена на машинско учење во телекомуникациите”

Датум на настан: 23.12.2019

Во организација на Одделот за теорија на информации при македонската секција на ИЕЕЕ, а со поддршка и на Одделот за телекомуникации при македонската секција на ИЕЕЕ, во просторијата за состаноци на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во понеделник, 23.12.2019 година во периодот од 9:30 часот до 14:30 часот ќе се одржи Мини работилница...

Тим од ФЕИТ влезе во финалната фаза на глобалниот младински предизвик „Generation Unlimited”

Последна измена: декември 19, 2019

Изминатиов викенд, како дел од првата фаза, на тридневна работилница се натпреваруваа педесетина млади иноватори во рамките на Предизвикот „Generation Unlimited” – кој што се организира и спроведува од страна на Смарт ап-лабораторијата за социјални иновации со целосна финансиска и просторна  поддршка od УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија: https://www.genunlimited.mk/. Настанот е од меѓународен тип,...

Hour of Code

Датум на настан: 13.12.2019

Во Петок 13.12.2019 од 12:00 часот, на Факултетот за електротехника и информациски тeхнологии ќе се одржи традиционалниот и меѓународен настан “Hour of Code” кој долги години се организира на Факултетот. Иницијативата за организацијата на настанот и оваа година потекнува од студентите, преку Факултетското студентско собрание на ФЕИТ, но и од наставниот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство, со...

Соопштение за подигање документи на студентите запишани по првпат во учебната 2019/2020 година

Објавено: декември 6, 2019

Се информираат студентите запишани по првпат во учебната 2019/2020 година за задолжително подигање на дел од доставените документи при упис на Факултетот. Документи кои се подигаат: Оригинални свидетелства од сите години Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) Извод од матична книга на родени Државјанство на Република Македонија. Подигањето на документите...

Соопштение

Објавено: декември 5, 2019

  Се известуваат сите студенти дека поради претстојните новогодишни празници, 31.12.2019 година (вторник) ќе биде неработен ден. Часовите од овој ден ќе се одработат на 21.12.2019 година (сабота) по распоредот на часови од вторник.                                          ...