Пристапно предавање на проф. Зоран Хаџи-Велков во МАНУ

Објавено: февруари 6, 2023

На 1 февруари 2023 година во Амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите, проф. Зоран Хаџи-Велков го одржа своето пристапно предавање во МАНУ, на тема: „Безжичен пренос на енергија и информација – од разговорот меѓу Шенон и Тесла“. Д-р Зоран Хаџи-Велков е редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии и афирмиран научник...