Отворен повик за доделување 40 стипендии од Фондацијата Атанас Близнакоф

Објавено: јуни 28, 2024

На веб страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е објавен Отворен повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студенти кои ќе се запишат на прв циклус студии на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година. Повеќе информации за аплицирање и за потребната документација се достапни...

Пријавување испити – септемвриска испитна сесија втор циклус студии

Објавено: јуни 28, 2024

Пријавување испити на втор циклус студии за септемвриската испитна сесија 2024 ќе се врши електронски, со користење на I Know системот, во периодот  од 3.7. до 23.8.2024 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5. За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават пополнети хартиени пријави  на самиот испит. Во пријавата  се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот,...

Пријавување испити – септемвриска испитна сесија прв циклус студии

Објавено: јуни 28, 2024

Пријавување испити на прв циклус студии во септемвриска (трета) испитна сесија 2024 ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од 3.7. до 23.8.2024 година,   следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5. Студентите кои ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена...

Одржан деветтиот Симпозиум за применета електромагнетика – SAEM’2024

Објавено: јуни 28, 2024

Од 9 – 12 јуни 2024 година во Шкларска Пореба, Полска се одржа деветтиот Симпозиум за применета електромагнетика – SAEM’2024 (9th Symposium on Applied Electromagnetics) Симпозиумот е во организација на Полското здружение за применета електромагнетика, а во ко-организација со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ во Скопје и Факултетот за енергетика при Универзитетот...

Наградени најдобрите студенти на ФЕИТ

Објавено: јуни 27, 2024

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) секоја година ги наградува студентите кои претходната академска година ја завршиле со просечен успех над 9,00. Оваа година наградени се 15 студенти кои завршиле прва година, 28 студенти кои завршиле втора година и 12 студенти кои завршиле трета година. Од нив, петмина ја завршиле годината со просечен успех...

Успешно реализиран настанот „Sustainable Energy Day“

Објавено: јуни 27, 2024

На 20 јуни 2024 г. со почеток во 11:00 часот во Центарот на трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ се одржа настанот „Ден на одржлива енергија“. Еднодневниот настан се реализираше како дел од глобалната иницијатива на Европската комисија – Денови на одржлива енергија (Sustainable Energy...

ФЕИТ го прослави својот 65-годишен јубилеј

Објавено: јуни 20, 2024

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје прослави 65 години од своето основање. На свечена академија, организирана под мотото „65 години наставна и научна извонредност“ беше претставен академскиот стремеж за постојан напредок, развој на науката, поддршка на иновативноста, трансферот на технологии, соработката со стопанството и гордоста дека Факултетот...

65 години ФЕИТ – Свечена академија и промоција 2024

Датум на настан: 18.06.2024

По повод 65 години постоење, Факултетот за електротхеника и информациски технологии организира Свечена академија на 18 јуни 2024 во 20h во Филхармонија на РСМ. По свечената академија следи промоцијата на магистри и дипломирани инженери за 2024. Во продолжение програмата за настанот:...

Промоција на дипломирани инженери и магистри 2024

Датум на настан: 18.06.2024

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале од мај 2023 до април 2024 година ќе се одржи на 18.06.2024 година, во Филхармонија на РСМ во Скопје. Оваа година настанот ќе биде збогатен и со пригодна свечена академија со која ќе се одбележи 65-годишнината од постоењето на Факултетот. Детали за промоцијата: Списоците на дипломираните и на...

Спортска дружба по повод 65 години ФЕИТ

Објавено: јуни 17, 2024

 По повод 65 години ФЕИТ, спортското друштво при ФЕИТ-Peak2Peak организираше неколку спортски настани. Настаните се одржаа на 15 јуни 2024 (сабота). За одбележување на јубилејот, беа поканети сите поранешни и тековни студенти, како и вработените од ФЕИТ. Како главен настан беше предложено групно возење велосипеди до Јегуновци во должина од 65 km. Со оглед на...

20 јуни 2024 – Ден на енергија и одржливост на ФЕИТ

Објавено: јуни 11, 2024

Во соработка со одделот за електроенергетика во македонската секција на IEEE, ФЕИТ го организира Денот на енергија и одржливост. Настанот се одржува во рамки на иницијативата Денови на одржлива енергија, а чија цел е промоција на користење чиста енергија и енергетска ефикасност. Плановите за спроведување на енергетската транзиција и потребата за сигурно снабдување со енергија...

Список наградени студенти

Последна измена: јуни 7, 2024

Список студенти по години кои во учебната 2022/2023 година заклучно со августовскo-септемвриската испитна сесија постигнале вкупен просек 9 и над 9   Завршиле I студиска година со просек 9 и над 9 и освоиле најмалку 60 кредити Ред. бр. индекс Презиме Име СП кредити просек 1 164/2022 Билбилоска Цветанка КХИЕ 60 10,00 2 25/2022 Димовски...

Одбојкарките на ФЕИТ шампиони во Универзитетската лига

Објавено: јуни 5, 2024

На 27.05.2024 г. во Спортската Сала ” Македонски херои” при ФФОСЗ се одиграа завршните финални мечеви од одбојкарското натпреварување во женска категорија на УКИМ. Во одличен натпревар, со фантастична атмосфера и мотивирана игра за победа, во финалето силите ги одмерија одбојкарките од Факултетот за eлектротехника и информациски технологии и Архитектонскиот Факултет. После покажаниот квалитет во...

Подобрување на европско истражување и развој преку соработка меѓу индустријата и високото образование

Датум на настан: 06.06.2024

На 6ти јуни 2024 година (четврток), со почеток во 10:00 часот во Центарот на трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ ќе се одржи настанот „Подобрување на европско истражување и развој преку соработка меѓу индустријата и високото образование “. Работилницата е организирана во рамки на проектот...