26 мај – 22 јуни 2020
International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Future Broadband Internet, Cloud Computing and Internet of Things” од 26 мај до 22 јуни 2020 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Academy: https://academy.itu.int
Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).
Овој курс ќе биде фокусиран на Future Broadband Internet, Cloud Computing and Internet of Things, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспекти. Притоа ќе бидат опфатени Интернет технологиите, вклучувајќи IPv6, миграција од IPv4 кон IPv6, DNS, DHCP, Интернет networking, HTTP 2.0, IP интерконекција, IP QoS, cybersecurity, како и управувањето со Интернет. Понатаму, курсот ќе опфати MPLS/IP транспорт, VPNs, Carrier Ethernet, како и идниот гигабитен пренос преку бакар, оптика, submarine кабли, и сателитски broadband пристап. Ќе бидат опфатени и Software Defined Networking (SDN) и network virtualization (NFV) за фиксни и мобилни пристапни и јадрени мрежи, Cloud Computing архитектурите според ITU и cloud моделите (SaaS, PaaS, IaaS), cloud сигурноста и приватноста, OTT и телеком cloud сервисите, edge и fog computing сервиси, како и управување со cloud. Исто така, ќе бидат опфатени Internet of Things (IoT) и Web of Things (WoT), вклучувајќи ги критичните IoT и масивните IoT, data management, Big Data архитектурите, Big Data-базирано мрежно работење, како и IoT/data сигурноста, приватноста и довербата. Понатаму, курсот ќе опфати употреба на Artificial Intelligence (AI) за Интернет и телеком сервисите. На крајот, курсот ќе ги опфати идните broadband OTT сервиси (видео, социјални мрежи, AR/VR, Web 3.0) и мрежната неутралност, идните IPTV сервиси, индустрија 4.0, smart city, идни cloud решенија, идни IoT/Big-Data/AI сервиси, вклучувајќи ги нивните бизнис и регулаторни аспекти.
Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Future Broadband Internet, Cloud Computing and Internet of Things, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Future Broadband Internet, Cloud Computing and Internet of Things се исто така добредојдени да учествуваат.
За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 25 мај 2020 година.