Студиска програма: 19- Машински вид (19 – МВ) Траење: 1 година Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС Услови за запишување: Завршен прв циклус студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство. Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа машински вид Тековната примена на системите за машински вид и интересот на компаниите во земјата за воведување во употреба, но и за истражување и развој на вакви системи може да се согледа низ повеќе аспекти. Дел од компаниите се корисници на системи за машински вид во своето секојдневно работење. Такви примери има во фармацевтската и машинската индустрија, во електронската и индустријата за електрични уреди и апарати, како и во автомобилската индустрија. Вообичаено тоа се системи за контрола на квалитет од странско производство, чие поставување и одржување е доверено на претставници на странските компании, во недостаток на соодветен кадар во земјата. Во дел од компаниите постои интерес за воведување на системи за машински вид како составни компоненти на нивните призводи – машини за различна намена, со кои ќе се зголеми квалитетот, а со тоа и конкурентноста на производите. Вообичаено се работи за системи со кои ќе се зголемат прецизноста, доверливоста или продуктивноста на машините. Такви примери има во машинската индустрија, индустријата за композитни материјали, во индустријата на транспортни системи, на медицински системи, како и во индустријата на системи за забава. Кај овие компании се јавува потребата од кадар со експертиза во доменот на анализа на проблемите и дизајн на решенија за специфична намена. Недостатокот од ваков кадар вообичаено доведува до набавка и вградување на готови компоненти и системи, што претставува неоптимално решение поради зголемување на цената на производот и проблеми во одржувањето. Третата група на компании ја согледуваат можноста за развој и производство на комплетни системи за машински вид како самостојни производи кои би биле понудени на домашниот, но и на пазарите во регионот, па и пошироко. Најчесто се работи за безбедносни системи, дел од кои се и системите за автентикација, системи за анализа на сообраќај, системи за следење на движење и проток на луѓе, за примена во земјоделието и сточарството и сл. Недостигот на квалитетен кадар кај овие компании е најизразен, бидејќи имаат потреба од сите профили на кадар: експерти за истражување и дизајн на системи, за имплементација и тестирање на системите, како и за пуштање во работа, одржување и обука на корисниците. Од претходно кажаното лесно е да се заклучи дека за подготовка на кадар во областа на машинскиот вид според тековните потреби на стопанството и според очекуваниот понатамошен развој, но и за другите општествени потреби (инклузивност во однос на лицата со попречености, безбедност, ефикасна контрола на сообраќајот и сл.) неопходно е навремено доедуцирање на младите инженери преку сеопфатна квалитетна програма од втор циклус на студии. Оваа програма покрај тоа што ќе им овозможи специјализација во областа, ќе ги оспособи и за евентуално продолжување на кариерата во полето на науката со вклучување во научно-истражувачката и наставната работа на универзитетите, научните институти и истражувачките центри.
Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра
Предмет
Кредити
Фонд
Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ05016
Машински вид
6
3+3
180
4ФЕИТ05017
Машински вид базиран на длабоко учење
6
3+3
180
Изборен предмет 1
6
3+3
180
Изборен предмет 2
6
3+3
180
Изборен предмет 3
6
3+3
180
Вкупно
30
3+3
900
Изборни предмети
Шифра
Предмет
Кредити
Фонд
Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ05001
3D машински вид
6
3+3
180
4ФЕИТ05034
Системи за машински вид
6
3+3
180
4ФЕИТ05009
Дигитално процесирање на видео
6
3+3
180
4ФЕИТ05031
Процесирање и анализа на слика
6
3+3
180
4ФЕИТ05010
Дигитално процесирање на говор
6
3+3
180
4ФЕИТ05023
Проектирање вградливи системи со FPGA
6
3+3
180
4ФЕИТ08017
Оптички феномени
6
3+3
180
4ФЕИТ08014
Нумерички методи
6
3+3
180
4ФЕИТ07011
Паралелно и дистрибуирано машинско учење
6
3+3
180
4ФЕИТ01002
Автономни мобилни роботи
6
3+3
180
4ФЕИТ05032
Процесирање на природни јазици
6
3+3
180
4ФЕИТ05019
Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали
6
3+3
180
Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра
Предмет
Кредити
Фонд
Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ19
Истражувачки проект од областа на машински вид
6
0+6
180
4ФЕИТ00
Магистерски труд
24
720
Вкупно
30
900
Машински вид (19 – МВ)
КомпетенцииIII