Ни причинува особена чест и задоволство во име на Организацискиот одбор на Конференцијата да ве поканиме на 8-от Меѓународен Симпозиум за применета електромагнетика – САЕМ’2022 (8th Symposium on Applied Electromagnetics – SAEM’2022) кој ќе се одржи од 26.06 – 29.06. 2022 година во Струга, Македонија.
Симпозиумот е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ во Скопје, а во ко-организација со Универзитетот од Марибор, Универзитетот во Честохова и Полското здружение за применета електромагнетика.
Во оваа прилика би сакалe накратко да ве потсетиме на историјатот на овој Симпозиум кој за првпат се оганизираше и се одржа во 2006 година во Охрид – Македонија, за да потоа следат 2008 Замошч – Полска, 2010 Птуј – Словенија, 2012 Шопрон – Унгарија, 2014 Скопје – Македонија, 2016 Вроцлав – Полска и 2018 Подчетртек – Словенија. За жал заради Covid-19 пандемијата собирот во 2020 во Бели Манастир – Хрватска мораше да биде откажан. Се надеваме дека условите во јуни 2022 година ќе се подобрат и дека ќе можеме да ја продолжиме традицијата на организирање на Симпозиумот со физичко присуство во Хотелот Дрим во Струга.
За повеќе информации ве покануваме да ја посетите веб страната на симпозиумот на следниот линк: https://saem2022.feit.ukim.edu.mk/
Краен датум за доставување на вашиот апстракт на 2 страни е 15. април 2022 година преку платформата Easychair чиј што линк се наоѓа на веб страната на симпозиумот во делот за автори. (линк: https://saem2022.feit.ukim.edu.mk/Authors.html). За оние автори кои ја имаат користено оваа платформа и претходно ќе можат да се најават со нивните претходни корисничко име и лозинка, а останатите автори ќе треба најнапред да се регистрираат.
Важни датуми:
- април 2022 – Доставување на апстракт од 2 страни
- мај 2022 – Информација за статусот на трудот
- мај 2022 – Регистрација
- мај 2022 – Плаќање на котизација
- јуни 2022 – Конечна програма на симпозиумот
- јуни 2022 – Почеток на симпозиумот
Проф. д-р Гога Цветковски
Претседател на Локалниот
организациски комитет