Инфо за бесплатен пристап до Емитер

Објавено: октомври 14, 2022

Почитувани студенти и колеги, Ве известуваме дека соработката помеѓу ФЕИТ и списанието за наука и техника ЕМИТЕР продолжува и оваа година https://emiter.com.mk/vesti/20065 При тоа е обезбедена групна претплата на електронското издание на ЕМИТЕР во која, покрај броевите од следната година, се вклучени и броевите од претходните 10 години (заклучно со 2013 година). Пристапот е овозможен...

Инфинеон Технолоџис Австрија, член на IPCEI Microelectronics, обезбеди електронски развојни плочки за ФЕИТ

Објавено: октомври 12, 2022

Австриската компанија за полупроводнички елементи Инфинеон Технолоџис Австрија (www.infineon.com/ipceimeaustria) обезбеди 135 развојни плочки за потребите на студентите во наставата и истражувачката работа на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во рамките на иницијативата на ИПЦЕИ Микроелектроника (англ. IPCEI Microelectronics). Целта на поддршката е да се подобри квалитетот на наставниот процес за студентите и...

Инклузивен индустриски дизајн, пристапност и асистивна технологија

Објавено: октомври 5, 2022

ФЕИТ ФабЛаб и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците”, организираа настан насловен како „Инклузивен индустриски дизајн, пристапност и асистивна технологија”. Асистивната технологија (АТ) е воопштен термин кој вклучува асистивни, адаптивни и рехабилитациски уреди за лица со попреченост или за стари лица кој, исто така, го вклучува и процесот на избор, лоцирање и нивна употреба,...

Повик за пријава за учество на Иновациски камп за родова еднаквост во социјалните иновации

Последна измена: октомври 6, 2022

На 07.10.2022 ќе се реализира иновациски камп на тема „Towards Balanced Gender Approach in Social Media and Internet„ во рамките на проектот Europe’s Regional Partnership for Gender Equality in the Digital Age (EQUALS-EU). Проектот има за цел да ја промовира половата и родовата еднаквост во социјалните иновации преку градење капацитети и создавање паметни, одржливи и инклузивни...

Огромен е успехот и оваа година на ФЕИТ женската штафетна екипа на 18-ТИОТ СКОПСКИ МАРАТОН

Објавено: октомври 3, 2022

На 2ри октомври 2022 година се одржа 18тиот Скопски маратон. ФЕИТ како и секоја година зема учество со свои претставници. Огромен е успехот и оваа година на женската штафетна екипа која по трет пат го освои првото место (златен медал), тимот на златните девојки: Александра Златкова, Моника Стрезовски, Сара Алексоска и Емилија Чона.  Машкиот штафетен...

Златна диплома за електроинженерите кои дипломираа пред пет децении

Објавено: септември 30, 2022

На доделувањето во амфитеатарот на ФЕИТ присуствуваа триесетина електроинженери од дипломираните 86 во трите генерации на тогашниот ЕТФ, многумина од нив добро познати и признати имиња во енергетиката, електротехниката, стопанственици, министри, професори… Да се видите со колеги со кои пред пет децении сте дипломирале на еден од најпрестижните факултети во земјата не е мала работа....

Јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ) и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост

Објавено: септември 28, 2022

  ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ), во соработка со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability- IME) и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), објавува јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ДИХ и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост. На повикот може да...