ЛОСТ – Проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи

Објавено: септември 22, 2022

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување 10 стипендии за студенти чиј вкупен приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2021 година по сите основи не надминува нето износ од 372.000,00 денари, односно бруто износ од 558.000,00 денари.
Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, почнувајќи од 01.10.2022 заклучно со 31.07.2023, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.


Кој може да аплицира:

  • Студенти кои во учебната 2022/2023, зимски семестар, се запишале по прв пат во I, II, III и IV година,
  • Студентите да се запишани и да студираат на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, Техничкиот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски Битола и Електротехнички факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип,
  • Студентите да се од семејство со ниски месечни приходи, поточно во рамки на семејството да имаат месечни приходи не поголеми од 31.000,00 ден., и
  • Студентите да не се корисници на стипендија или кредит од друга институција или компанија;


Потребни документи за аплицирање:

  • Кратка биографија CV (задолжително да содржи податоци за контакт телефон и емаил адреса)
  • Потврда за редовeн студент запишан во зимски семестар за студиската 2022/2023
  • Потврда/уверение од факултет за положени испити и постигнат успех во претходните години, освен за студентите кои се запишани во прва година
  • Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по сите основи за претходната година за двајцата родители/старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција, организација или компанија
  • Изјава за согласност за обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата

Начин и рок за аплицирање

  • Сите потребни документи испратeтe ги на stipendii@evn.mk со назнака во subject: за стипендија,
  • Рок за аплицирање од 22.09.2022 до 14.10.2022
  • Некомплетните апликации и апликациите пристиганти по крајниот рок нема да бидат прифатени

Информации за процесот на селекција

  • Сите апликации се разгледуваат и оценуваат од страна на Оддел за Човечки ресурси и организација
  • Одделот за човечки ресурси и организација закажува интервју со секој апликант кој ги исполнува условите
  • Податоците на апликантите се третираат доверливо
  • По извршениот избор, апликантите се известуваат по емаил за резултатите

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • Студиската година да ја заврши во рок
  • Да има положено најмалку 70% од испитите од претходната година за продолжување на стипендијата
  • Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач

    Напомена: Во случај на утврдување на неточни податоци, доставени од страна на апликантот / стипендистот, ќе дојде до прекин на стипендирањето и враќање на веќе доделените средства