Соопштение – заверка на летен семeстар 2022/2023 и упис на зимски семестар 2023/2024

Последна измена: септември 21, 2023

Заверката на летниот семестар 2022/2023, како и запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2023/2024 година за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скоп­­­је, ќе ги содржи следниве чекори:

  1. Електронско пријавување од 12.9. до 24.9.2022 година

Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише зимскиот семетар 2023/2024 и да ги избере соодветните предмети.

     2. Резервирање термин за доставување на документите од 13.9 до 29.9.2023 година

На порталот е-Курсеви, (во Виртуелни училници, во курсот Студентска служба/Запишување зимски семестар 2023/2024), креирана е активност Закажување термин (упатство за користење на активноста), преку која секој студент задолжително треба да избере термин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во периодот од 18.09 – 29.09.2023 година.  Во резервираниот термин студентот ќе може да ги доста­ви комплетните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања.

Почетна година на студирање Денови во кои може да се резервира термин помеѓу 12 и 15 часот
2022 18.9.2023 19.9.2023 20.9.2023
2021 18.9.2023 19.9.2023 20.9.2023
2020 21.9.2023 22.9.2023 25.9.2023
2019 21.9.2023 22.9.2023 25.9.2023
2018 26.9.2023 27.9.2023 28.9.2023
2017 26.9.2023 27.9.2023 28.9.2023
2016 и порано 27.9.2023 28.9.2023 29.9.2023

 
      3. Доставување на документите од 18.9 до 29.9.2023 година

Комплетните документи студентот ги доставува на шалтерите на Одделението за студентски прашања исклучиво во резервираниот термин. (Ве замолуваме за строго почитување на одбраниот термин)

Студентите кои нема да ги почитуваат предвидените рокови, уписот на семестарот ќе може да го реализираат со поднесување молба за задоцнет упис и надомест, согласно ценовникот на ФЕИТ. Истото важи и за студентите кои ќе се пријават електронски, но нема да достават комплетни документи во Одделението за студентски прашања во предвидениот рок. При тоа, тие ќе бидат избришани и од електронската евиденција.

Потребни документи за заверка на летен семестар:

  1. Индекс (во кој треба да бидат впишани предметите што студентот ги слушал во летниот семестар).
  2. Образец А4 (Семестрален лист за заверка на семестар) пополнет со предметите што студентот ги слушал во летниот семестар 2022/2023) .

ВАЖНО: Потписите за сите запишани предмети треба да бидат регулирани во iknow системот. Доколку се достават документи за заверка на семестарот без регулирани обврски ќе се смета дека документите за заверка не се доставени навреме и заверката ќе биде направена со уплата од 500 ден. со цел на дознака: задоцнета заверка. За регулирани обврски при заверка на семестар се смета кога студентот ги има добиено сите потписи во iknow системот или доставил уплата од 1000 ден. за недобиен потпис.

  1. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на ратата што недостасува на жиро-сметка на Факултетот.
  2. За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ, студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во летниот семестар 2022/2023 година. Електронската анкета се пополнува на адресата http://anketa.feit.ukim.edu.mk/ и ќе биде достапна од 12.9.2023 година. Како доказ за пополнета анкета се приложува принт од последната страна од анкетата. Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар.
  3.  Студентите кои во учебната 2022/2023 година беа по првпат во прва година (бруцоши) треба да имаат во индексот печат од ЗУ Поликлиника на УКИМ дека имаат направено систематски преглед. Направениот систематски преглед е задолжителен услов за заверка на летниот семестар 2022/2023 и упис на зимскиот семестар 2023/2024 година.

Потребни документи за запишување зимски семестар:

  1. Индекс

ВАЖНО: Доколку индексот е во Одделението за студентски прашања заради нерегулирани обврски во претходниот семестар, прво ќе се завршат заостанатите обврски со заверка/упис на претходниот семестар, а потоа ќе се примаат документите за новиот зимски семестар 2023/2024.

  1. Образец А3 за запишување семестар (се запишуваат предметите што ќе се слушаат во зимскиот семестар 2023/2024)

ВАЖНО: Студентот ги запишува предметите според реалната ситуација во моментот кога ги доставува документите. Доколку таа ситуација се измени заради положување на предмет, промената ќе биде извршена врз основа на доставување на нов интерен лист, со “Забелешка“ – да наведе кој предмет е положен и со кој предмет истиот да биде заменет. Истото да се напомене при предавање на документите на шалтерите во Одделението за студентски прашања.

  1. Статистички лист за учебната 2023/2024 год (ВОИ-20);
  2. Интерен пријавен лист со предмети (се печати страницата од I know системот со избраните предмети што ќе се слушаат во зимскиот семестар 2023/2024)
  3. Уплата за партиципација (државна квота: број на кредити Х 205,00 ден.или квота со кофинансирање: број на кредити Х 410,00 ден.) на жиро сметка на Факултетот:
    • Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
    • Депонент: НБРМ
    • Tрезорска сметка: 100000000063095
    • Трезорска подсметка: 160010428678814
    • Повикување на број: 723012, програма 41
    • Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
  4. Уплатница во вкупен износ од 1300,00 ден. на истата жиро сметката (на ФЕИТ), со цел на дознака: Материјални трошоци. Овој износ се однесува за: тетратки за испити/колоквиуми 200,00 ден., обнова на книжен фонд 150,00 ден., солидарна одго­ворност 100,00 ден., колективно осигурување 100,00 ден., уверенија за редовност 100,00 ден. и материјали и опрема за лабораториски вежби и развој на компјутерска мрежа 650,00 ден.
  5. Уплатница во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА, ФЕИТ, Банка: НБРМ, жиро с-ка: 100000000063095, сметка за буџетски корисник: 1600103689788 18, приходна шифра: 723012 41.
  6. Потврда за извршена уплата на 3 кредити за реализирана пракса (за студентите кои се запишани по наставен план/акредитација 2012 – последен предвиден семестар), на факултетската жиро сметка (задолжително се уплаќа на посебна уплатница, со цел на дознака: уплата на кредити за пракса).

ВАЖНО: Студентите можат да ја користат можноста за онлајн плаќање преку iknow системот. Во делот за запишување на нов семестар на студентската страна, на студентот му е прикажан износот кој треба да го плати како школарина (според бројот на запишани кредити), како и на сите други дополнителни плаќања за соодветниот зимски/летен семестар, вклучувајќи ја и провизијата. Со клик на копчето “Плати онлајн“ студентот е пренасочен кон страната за онлајн плаќања на која треба да ги внесе информациите за својата дебитна/кредитна картичка.

  1. Студентите кои при запишувањето на зимскиот семестар 2023/2024 имаат освоено 200 кредити од положени задолжителни и изборни предмети, студентска пракса и курсеви, задолжително го запишуваат и дипломскиот труд. При тоа доставуваат Пријава за дипломска работа (во четири примероци претходно потпишани од менторот и од кандидатот и заверени во архивата на Факултетот со 50,00 ден. административна такса.  Процедури за дипломска работа.
  • Краен рок за доставување на комплетната пријава за дипломски труд е 31.10.2023 година.

ВАЖНО: Студентите запишани на прв циклус студии на ФЕИТ заклучно со учебната 2021/2022 (акредитација 2017), а кои до почетокот на учебната 2023/2024 година не се стекнале со 60 кредити, административно преминуваат на соодветни студиски програми од акредитација 2022. (линк до одлука) На студентите кои го продолжиле своето студирање на некоја од студиските програми акредитација 2022 им се еквивалентираат положените предмети и за тоа треба да достават уплата од 2000 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: промена на студиска програма/еквиваленција. (одлука за еквиваленција , табела за еквиваленција)

Студенти кои ги положиле сите испити, а го запишуваат/презапишуваат само дипломскиот труд

  1. Индекс;
  2. Образец А4 за заверка на семестар (доколку во летниот семестар студентот слушал предмети);
  3. Анкета (доколку во летниот семестар студентот слушал предмети),
  4. Образец А3 за запишување семестар,(се запишува само дипломскиот труд);
  5. Интерен пријавен лист со запишан дипломски труд – истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на iknow.ukim.edu.mk. Дипломскиот труд се запишува/презапишува како задолжителен предмет.
  6. Пријава за дипломска работа (во четири примерока, претходно потпишана од менторот и од кандидатот и заверена во архивата на факултетот и уплата за адмнистративна такса од 50,00 ден.)(линк кон документот+линк до процедури за дипломска работа).
  7. Потврда за извршена уплата на партиципација – 8 или 9 кредити за дипломски труд, на факултетската жиро сметка (државна или квота со кофинансирање,).
  8. Потврда за извршена уплата од 200,00 ден. на факултетската жиро сметка со цел на дознака: материјални трошоци ;
  9. Статистички лист за учебната 2023/2024 година (ВОИ 20).

Студенти кои ги положиле сите испити и го запишале дипломскиот труд во претходниот семестар (Празен семестар)

  1. Индекс;
  2. Образец А4 за заверка на семестар (ако слушале предмети или само со дипломски труд во летниот семестар 2022/2023);
  3. Образец А3 за запишување на семестар;
  4. Потврда за извршена уплата од 1000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: административен трошок за запишување на семестар;
  5. Потврда за извршена уплата од 200,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: материјални трошоци;
  6. Статистички лист за учебната 2023/2024 година (ВОИ 20 ).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Услови за заверување на летниот семестар

  1. Студентот може да го завери летниот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
  • Потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис во електронскиот систем iKnow.

     2.  Семестарот може да се завери и без потпис за предметите, за што се плаќа надомест од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот, со што се овозможува да се заверат останатите предмети, за кои студентот добил потпис во iKnow.

  • Студентот нема право да ги полага испитите по оние предметите за кои не се исполнети академските обврски (нема потпис во iKnow). Доколку овие предмети се задолжителни, студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година, а ако се изборни студентот може да ги презапише истите или да ги замени со нови изборни предмети.
  1. Задолжителен услов за заверка на летниот семестар 2022/2023 е направен систематски преглед. Доказ за тоа е печат на последната страна на индексот од ЗУ Поликлиника на УКИМ. (соопштение за систематски преглед)

Правила за запишување на зимскиот семестар

  1. Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар, според следните правила:
  • Во секој семестар студентот запишува предмети со најмногу 35 кредити, а најмалку 21 кредит,
  • При запишувањето на семестарот студентот прво ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот зимски семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, при што вкупните студиски обврски во семестарот не надминуваат 35 кредити,
  • Студентите кои студираат според акредитација 2022 ги запишуваат предметите согласно студиската програма на која студираат, односно запишувањето на задолжителните, изборните и предметите од факултетската листа ќе се врши од понудените предмети на соодветната студиската програма.
  • Студентот може да запише повеќе од 35 кредити само доколку ги исполнува следниве услови: положени предмети и реализирани кредити од сите претходно запишани семестри со просечна оценка најмалку 8,5.

Студентот кој ги исполнува овие услови и сака да запише поголем број кредити од 35, поднесува Барање за одобрување на запишување поголем број кредити до продеканот за настава на ФЕИТ (во писмена форма со уплата од 50,00 ден. за адм. т-са, или преку студентската архива на Факултетот.

НАПОМЕНА: Ќе бидат разгледувани доставените молби за запишување на повеќе од 35 кредити само на оние студенти кои ги исполнуваат погоре наведените услови.

  • Помалку од 21 кредит може да запишат студентите кои запишуваат предмети, односно кредити за да го освојат потребниот минимум од 232 кредити, односно 231 кредит потребен за да имаат право да го бранат дипломскиот труд.
  1.  При запишување на предметите, потребно е да бидат исполнети предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во инфор­мациските пакети за секоја студиска година, дадени на веб страницата на Факултетот.
  2. Студентот може да поднесе молба за промена на веќе избран изборен предмет, најдоцна до 16.10.2023 година (понеделник), односно непосредно по почетокот на зимскиот семестар, со доставување на молба со 50 ден. административна такса преку архивата на Факултетот и  надомест од 1.000,00 денари.
  1. Студент кој ги положил сите предмети и го запишал дипломскиот труд во претходната академска година, истиот треба да го одбрани најдоцна до 29.09.2023 година (петок). Во спротивно, за да го задржи статусот редовен студент тој е должен да запише зимски семестар 2023/2024 според обврските што му преостануваат до дипломирање.
  2. Запишаниот дипломски труд во зимскиот семестар 2022/2023 година студентот има право да го одбрани во рок од една година, односно најдоцна до 29.09.2023 год.(петок). Доколку дипломскиот труд не се одбрани во овој рок истиот се презапишува со можност за промена на ментор и тема.
  • Максималниот број студенти кои можат да пријават дипломски труд кај еден ментор е 15 студенти (во периодот од 1.10.2022 до 30.9.2023 година).
  1. Студент на кој овој зимски семестар 2023/2024 му е последен предвиден семестар треба да ги има извршено обврските во однос на студентската пракса.  Пред дипломирање студентот треба да има извршено најмалку три месеци пракса (за едномесечна пракса се признаваат лабораториските вежби после прва година).(Процедура за студентска пракса)
  2. Студентите кои ги продолжуваат своите студии на студиските програми според акредитација 2017 ги запишуваат предметите определени на нивната студиска програма според акредитација 2017. При тоа, наставата за запишаните предмети кои имаат еквивалент на новите студиски програми акредитација 2022, ќе се реализира со нивниот еквивалент. За предметите кои што немаат еквивалент на новите студиски програми, наставата ќе се реализира менторски, при што студентите ќе го полагаат испитот кај наставникот од кој последен имаат добиено потпис. (одлука за режим на настава)

Преминување од државна квота во квота со школарина (кофинансирање)

  1. Согласно Правилата за студирање, студентот го губи статусот на студент запишан во државна квота (квота со партиципација) и ги продолжува студиите во квота со школарина (квота со кофинансирање) ако:
  • еден предмет запише по трет пат,
  • не освои најмалку 50% од запишаните ЕКТС кредити во соодветниот зимски/летен семестар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.

ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ

Студентите треба да достават уплатница финансиските обврски за студирањето, на жиро-сметкатата на факултетот:

  • За студентите запишани во квота со партиципација (државна квота) финансиските обврски изнесуваат 100 ЕВРА во денарска противвредност (6.150,00 ден) за 30 кредити. Цената на еден кредит изнесува 205,00 ден.
  • Студентите кои плаќаат школарина (квота со кофинансирање на студирањето), финансиските обврски изнесуваат 200 ЕВРА во денарска против­вредност (12.300,00 ден) за 30 кредити. Цената на еден кредит изнесува 410,00 ден.
  • Студентите плаќаат на име партиципација/школарина според бројот на запишани кредити (пример: за запишани 28 кредити Х 205,00 ден./410,00 ден.= 5740,00 ден./11480,00 ден.)

При уплатата се користи образецот ПП50, а во соодветните полиња се внесува:

  • Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Tрезорска сметка: 100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник: 160010428678814
  • Приходна шифра: 723012, програма 41
  • Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити


Скопје, 5.09.2022 година